Вељковски » Сметководство

Подготвена работна верзија на Закон за сметководствени работи

11 декември 2011 283 коментари

Од страна на Министерството за финансии се подготвени веќе две работни верзии на Закон за сметководствени работи.

Со предложениот закон се воведуваат  две стручни звања од областа на сметководството: сметководител и овластен сметководител.

Сметководителот ќе може да води деловни книги и да потпишува годишна сметка кај субјектите кои не плаќаат годишен данок на вкупен приход во согласност со Законот за данок на добивка и непрофитните организации чиј годишен приход е помал од 10.000 EUR во денарска противвредност.

Овластениот сметководител ќе води деловни книги и составува и потпишува годишна сметка и финансиски извештаи.

Стручните звања ќе се добиваат со полагање  на испит. За полагање на испитот за сметководител лицето треба да има завршено најмалку средно образование, а за овластен сметководител лицето треба да има најмалку високо образование од економска или бизнис струка и да има најмалку три години работно искуство во водење на сметководството. Со преодните одредби од Законот е предвидено да  лица кои исполнуваат одредени услови и кои во рок од 15 дена од донесување на Законот поднесат барање до министерот за финансии, овие звања ги добијат без полагање на испитот.

Секој обврзник за водење на сметководство е должен вршењето на сметководствените работи да му го довери на:

-сметководител или овластен сметководител вработен кај обврзникот за водење на сметководство или

-трговец поединец – сметководител, трговец поединец -овластен сметководител или друштво за вршење на сметководствени работи со кој склучил договор за вршење на сметководствени работи.

Предлог законот се очекува  во втората половина од месец декември 2011 година де влезе во собраниска процедура, а неговата примена се предвидува да започне од месец март 2012 година.

283 Коментари на “Подготвена работна верзија на Закон за сметководствени работи”

  1. elena вели:

    zavrsnite smetki/izvestai gi izrabotuva ovlasten smetkovditel. dali dokolku ima nekoja greska, smetkovoditelot e odgovroen (zakonski) ili upravitelot koj se potpisuva na istite?

  2. blerina вели:

    zdravo jas imam zavrseno ekonomski fakultet poradi sto imav dve godini iskustvo podnesov baranje sa obicen smetkovoditel po sto i dobiv povremena licenca . dali mozm da polagam zaovlasten smetkovoditel koga ke napolnam 3 god iskustvo?
    i dali so ova licenca mozam da otvoram sopstvena firma za vrsenie na smetkovodstveni raboti?

  3. весна вели:

    Имам поднесено барање за овластен сметководител во декември 2012 а се уште немам добиено одговор телефонски во април ми казаа дека чека на потпис,Ве молам да ми одговорите дали има и други што немат добиено уверенија,

  4. Elka вели:

    За колку време треба да се внеси дневниот промет од фискален апарат,кои се санкциите за не внесување.Истиот е искажан во книговоството но не е внесен на ж-ро с-ка до 31,12,2012г ,дали подлежи на персонален данок или на добивка од непризнаени расходи. Поздрав

  5. VANCO вели:

    VE MOLAM ZA EDNA INFORMACIJA
    UPRAVITEL SUM NA DOOEL VOEDNO IMAM ZAV[ENO EKONOMSKI FAKLTET I PODNESOV BARAJNE ZA VREMENA LICENCA ZA SMETKOVODITEL
    DALI MO@E DA VODAM SMETKOVOTSVO ZA MOJATA FIRMA DOOEL

  6. vanco вели:

    imam zavrseno ekonomski fakultet istovremeno imam staz vo sopstvena firma od 4 godini kako upravitel
    podnesov barajne za licenca no se uste nemam dobieno odgovor
    dali mozam da vodam smetkovodstvo za mojata firma vo koja sum i upravitel

  7. Гордана вели:

    Ве молам за една информација.
    Заради тоа што не исполнував услов за 1 година работно искуство за обичен книговодител за привремена лиценца и не поднесов документи до 3 февруари а имам работено како книговодител 2 години ама пријавена на 10 работни сати и исполнив услов на 10 февруари ме интересира дали имам право да полагам за книговодител и кога ке бидат полаганјата и како да се пријавам за тоа полаганје? Ве молам за одговор?

  8. Емилија вели:

    Вработена сум во банка и имам стаж повеќе од 5 години, во досегашното работење сум ангажирана од областа на кредитирање и притоа работам на анализа на финансиски извештаии на многу претпријатија, изработка на проекции на биланси на успе и биланси на состојба, книжење и одобрување на кредити, издавање и книжење на гаранции итн. Ме интересира дали можам да полагам и дали можам да се стекнам со лиценца за овластен сметководител и кои документи треба да ги поднесам.

  9. Коки вели:

    Која е адресата на Институтот на сметководители?
    После подигање на привременото уверението за сметководител каде треба да се обратиме за упис во регистар на сметководители?

    • Вељковски_С вели:

      Регистарот на сметководители сеуште не е воспоставен. Како што ми е мене познато Институтот сеуште нема адреса.

  10. Коки вели:

    Имам поднесено барање за уверение за сметководител на 20.11.2012 год.бидејќи имам средно училиште и стаж од 9 години како сметководител евидентиран во АВР. До денес немам никаков одговор дали е готово и кога можам да го подигнам.Дали може толку долго да се чека за уверение?

  11. Tamara вели:

    Дали ќе може да се полага за овластен сметководител ако си пријавен како управител на фирма?

    • Вељковски_С вели:

      Може да полага за сметководител секој кој ги исполнува условите во поглед на образование, работен стаж и искуство во сметководствени работи, без разлика дали тој е управител на фирма или не.

  12. Anita вели:

    Dali posle 3 Fevruari nema da moze da se podnesuvaat baranja za dobivanje na privremeni licenci.

    • Вељковски_С вели:

      Да времени уверенија и трајни уверенија без полагање на испит се поднесуваат само до 03 (04, бидеќи трети е во недела)02.2013 година.

  13. билјана вели:

    за добивање уверение за сметководител ако се повикам на преодните одредби од законот ( во рок од 15 дена по објавувањето на законот)дали стручното звање ке го добијам без полагање на испит

  14. lidija вели:

    Bideejki gi ispolnuvam uslovite so staz i so obrazovanie za dobivanje na uverenie za ovlasten smetkovoditel no dokazite mi se samo preku obrasvite M1 i M2 i prijava odjava kako i dogovori za rabota od rabotodavacite a vo listata od biroto za vrabotuvanje nema zabelezano nikakva profesija vo godinite sto sum rabotela dali preku ovie obrasci ke se dokaze toa i sto so firmite koi se likvidirani i nemozat da se najdat rabotodavacite.

    • Вељковски_С вели:

      Нема никаква званична информација како ке се постапува во случаите како што е Вашиот. Обиди се со М1/М2 и договорите, имам информации дека и други колеги ги имаат поднесено овие обрасци.

  15. lidija вели:

    Imam zavrseno sredno ekonomsko uciliste i rabotno iskustvo poveke od 10 godini vo smetkovodstvo megutoa dve firmi vo koi imam raboteno sega se vo stecaj i nemozam da zemam potvrda za koja zboruvate dali nesto se resi na ovoj plan sto so tie godini rabota dali samo so potvrda od zavod za vrabotuvanje ili so PIO obrascite ke mozam da gi dostavam dokumentite do ministerot za finansii.

    • Вељковски_С вели:

      Во колку фирмите се во стечај е подобра ситуација отколку истите да се ликвидирани. Вие ке побарате потврди од стечајните управители. Само со потврди од АВРМ и ПИОМ тешко ке можете да го добиете уверението.

  16. Aleksandar вели:

    Zdravo. Dali znaete od koga ke pocnat polaganjata za novovovedenite licenci za smetkovoditeli, imam zavrseno ekonomski, no nemam rabotno iskustvo, dali ke imam pravo da polagam za smetkovoditel. Dali pri otvaranje na smetkovodstveno biro, ke moze kako ovlasten smetkovoditel da bide vraboten coven so trajno uverenie no so napolneti 65 godini(vo penzija).

    • Veljkovski вели:

      За полагање на испит за сметководител не Ви е потребно работно искуство. Сеуште не се знае кога ќе отпочне полагање на испити, бидејќи сеуште не се конституирани телата на Институтот (управен одбор и комисии) и не е донесена програмата. Лице со полни 65 години може да биде вработено но ке му мирува пензијата.

  17. Eli вели:

    Imam zavrseno sredno stenodaktilografsko uciliste, ama dve godini, diploma za polozeni ispiti za knigovoditel vo K.Racin, i imam zaveren staz vo AVRM od 28 godini vo smetkovodstveni raboti, imav i sopstvena firma za knigovodstvo, dali gi ispolnuvam uslovite za dobivanje na trajno uverenie za ovlasten smetkovoditel.

    • Вељковски_С вели:

      Сметам дека ги исполнувате условите за добивање на трајно уверение за овластен сметководител. Со Законот е регулирано дека со 25 години стаж се добива уверение за овластен сметководител, а не се наведува минималното образование, а сепак како што наведувате Вие и имате средно образование кое никаде не е прецизирано колкугодишно треба да е.

  18. Eli вели:

    Zdravo sakam da prasam imam zavrseno visoko ovbrazovanie ekonomski momentalno sum na magisterski studii veke rabotam kako knigovoditel imam podnasano zavrsni smetki na poveke od 10 firmi so moe ime i prezime okolu 4 godini, isto taka imam firma vo koja sum osnivac i upravitel koja raboti mnogu godini unazad a od skoro sum prijavena vo nea kako smetkovoditel kakva licenca mozam da dobijam? so pocit

  19. gordana вели:

    imam visoko obrazovanie-diplomiran ekonomist i 8 meseci evidentiran raboten staz vo oblasta na knigovodstvoto,dali mozam da apliciram za ovlasten ili obicen knigovoditel?

  20. Tafa вели:

    Vraboten sum vo drzavno kako smetkovoditel a vodim nekolku privatni firmi od koi sum bil platen normalno so personalec , imam dobieno uverenje za smetkovoditel , ako osnovam TP i se prijavam po clen 121 od ZRO dali ke mozam da prodolzim da gi vodam privatnite fimi.

  21. Mile вели:

    Imam zavrseno ekonomski fakultet i kurs za smetkovoditeli so rabotno iskustvo od 2 god i 8 meseci vo firma kako admisnistrativen rabotnik t.e. materijalno knigovodstvo.
    Honorarno vodam kompletno smetkovodstvo na uste 3 firmi za koi si plakam personalen danok za uslugata. Dali ke mozam i ponatamu na 3 firmi da go vodam smetkovodstvoto (so dobivanje na licenca), ili Vas predlog kako da prodolzam da go vodam smetkovodstvoto na 3 firmi, a da ostanam vraboten vo firmata vo koja rabotam.

    • Вељковски_С вели:

      Не ке можете да водите сметководство на фирми каде што не сте вработени или не основате фирна или трговец поединец. Евентуално би можеле да се вработите во некоја од фирмите како дополнителна работа преку 40 часа од максимум 10 часа неделно со претходна согласност на работодавачите кај што си вработен со полно работно време. .

  22. irena вели:

    Dali ako si vraboten vo edna firma kako ovlasten smtkovoditel, a vo isto vreme vodis i 4 drugi kjerki firmi mozes da gi potpises i nivnite zavrsni smetki

    • Вељковски_С вели:

      Не можеш да потпишеш годишна сметка и финансиски извештај за фирма во која не си вработена, според тоа не ке мошеш да ги потпишеш годишните сметки на фирмите керки.

  23. Илка вели:

    Почитувани,
    Имам повеќе од 25 год раб.искуство од кои првите 20 год.во Заводот не се регистрирани под шифра за работа во сметководство затоа што тогаш немало електронска евиденција за шифра,но останатите се.Регистриран работен стаж во Фондот за пиом ми е 25 год и неколку дена,но имам и нерегистриран стаж од скоро 2-3 год.по договор на дело во Државна институција каде што сум работела комплетно сметководство (со завршна сметка).Моето прашање е дали имам можност за трајна лиценца и дали Потврдата од државната институција каде што сум работела ќе се земе во предвид иако не е евидентирана во ПИОМ.
    Благодарам за одговорот

    • Вељковски_С вели:

      ПОтврдата за работно искуство во сметководствени работи ја дава работодавачот и не Ви е потребна истата од АВРМ или ПИОМ. Стажот по договор за дело не се признава, но Вие во колку добиете потврда од работодавачите кај што сте работеле 25 години и ке дадете изјава за стажот кој го имате, а не е евидентиран во АВРМ ке можете да добиете трајно уверение за овластен сметководител.

  24. босава вели:

    КОИ СЕ ТИЕ СЛУЧАИ КОГА ВО ПРАКСА СЕ УШТЕ НЕМА ПРАТЕНО ОДГОВОР ЗА ОВЛАСТЕН КНИГОВОДИТЕЛ ИМАЈКИ ВО ПРЕДВИД ДЕКА БАРАЊЕТО Е ИСПРАТЕНО ВО ОКТОМВРИ И ДО КОГА НАЈКАСНО БИ ТРЕБАЛО ДА ИМА ОДГОВОР.

    • Вељковски_С вели:

      Според Законот Министерстото треба да одговори во рок од еден месец, но во пракса одговорите доцнат што се правда со неможност да се обработат големиот број на барања.

  25. Lile вели:

    imam zavrseno tret stepen sredno obrazovanie, i imam diploma za polozen ispit za knigovoditel vo rabotnicki univerzitet, imam raboten staz od agencijata za vrabotuvanje od 35 godini vo sopstvena firma za knigovodstveni uslugi, so ogled na obrazoanieto dali gi ispolnuvam uslovite za privremeno uverenie za ovlasten smetkovoditel.

    • Вељковски_С вели:

      Сметам дека ги исполнувате условите бидејки Вие имате средно образование,а во Законот и не е наведено какво образование е потребно минимум за добивање на трајно уверение за овластен сметководител.

  26. Лилјана вели:

    имам работен стаж од 22 год. и два месеци евидентиран прку фондот за пио, а потоа работам во фирма каде не сум пријавена, имам даночна пријава само за 2011 год. , а ке поднесам и за 2012год. како можам да го евидентирам остатокот од стажот за неколку месеци да поднесам за тарјно уверение?

    • Вељковски_С вели:

      Не ке можеш да добиеш трајно уверение за овластен сметководител во колку немаш званично евидентиран стаж од најмалку 25 години.

  27. Valentina вели:

    Imam SSS – informaticki tehnicar i kurs po smetkovodstvo. Imam 15 god. staz kako tehnicki sekretar, no istovremeno go vodev i smetkovodstvoto. Sto ponataka? Sovet.

    • Вељковски_С вели:

      Побарај од фирмата да ти дадат потврда дека си работела сметководствени работи (најмалку 10 години) и заедно со потврда од Агенција за вработување за работен стаж и нотарски заверен препис од диплома за завршено средно образование (не е битна струката) со пополнето барање кое можеш да го најдеш на web страната на Министерство за финансии, поднеси ги до Министерството најдоцна до 03.02. 2013 година, за да добиеш времено уверение за овластен сметководител. Во рок од две години од добивање на временото уверение ке мораш да го положиш испитот за овластен сметководител за да се здобиеш со такво трајно уверение.

  28. Мустафа вели:

    Здраво , Јас имам добиено уверение за овластен сметководител со првата група крајот на 28,09,2012 , во почетокот на новата година ке регистрирам ТП за вршење на сметководствените услуги во согласност со Законот за вршење сметководствени услуги па така треба да ги запазам и членот 18 и 21 за да се запишам во Институтот но во член 18 став(5) стои „(5) Лицето од ставот (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнувањето на уверението за сметководител, односно , овластен сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.„
    а институтот се основал во 10,11,2012 дали тоа ке важи од денот на регистрирање на институтот , и дали имате адреса на институтот каде да ги поднесеме овие барања ?
    Со почит.

  29. Николина вели:

    Вработена сум во мала фирма ДООЕЛ (со промет под 3 мил. денари)веке 5 години како сметководител, имам завршено гимназија. Дали можам да добијам времено уверение за сметководител и со која важност (12 или 24 месеци) и дали можам да ја потпишам завршната за 2013 со временото уверение или треба да го положам предходно испитот?
    Однапред благодарам.

    • Вељковски_С вели:

      Вие мошете да добиете времено уверение за сметководител со важност од 24 месеци. Годишните сметки за 2012 година не мора да се потпишуваат од овластени сметководители, бидејќи според предлогот за измена на Законот за трговски друштва, одредбата за задолжително потпишување на годишната сметка од овластен сметководител ке стапи на сила од 01.03.2013 година.

      • Николина вели:

        Почитувани,
        Како што напишавте погоре…
        “..Со предложениот закон се воведуваат две стручни звања од областа на сметководството: сметководител и овластен сметководител.

        Сметководителот ќе може да води деловни книги и да потпишува годишна сметка кај субјектите кои не плаќаат годишен данок на вкупен приход во согласност со Законот за данок на добивка и непрофитните организации чиј годишен приход е помал од 10.000 EUR во денарска противвредност…”,
        во таа насока е и моето прашање Дали ке можам да ја потпишам завршната за наредната 2013 год. (не за оваа 2012) со тоа времено уверение?
        Ви благодарам на брзиот и професионален одговор.

        • Николина вели:

          П.С.
          Се мисли на времено уверение за сметководител со важност од 24 месеци.

          • Вељковски_С вели:

            Согласно член 20 точка 2 од Законот за сметководствени работи сметководителот води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на сметководствои составува и потпишува годишна сметка за трговци поединци и здруженија и фондации. Според тоа Вие како сметководител можете да водите трговски книги на ДОО или ДООЕЛ, но не можете да ја потпишувате годишната сметка за 2013 година без оглед на нивната големина.

  30. eli вели:

    Дали можете да ми помогнете каде да се обратам,се работи за инвалидно лице сопственик на фирма,кој има вработено друго инвалиндно лице.Министерство за труд и социјална политика Скопје ги рефундира средствата кои се уплатени за придонеси,но веќе пет месеци не се вратени.

  31. elena вели:

    Имам завршено економски факултет , и сум пријавена во сопствена приватна фирма како управител , а воедно ги вршам и сметководствените работи веќе 2 години, дали имам право да поднесам барање за сметководител ?

    • Вељковски_С вели:

      Може да поднесете барање за добивање на времено уверение за сметководител, а во потврдата ке наведете дека сте работеле сметководствени работи.

  32. Коки вели:

    Работам како сметководител во приватна фирма ДООЕЛ.Дали ќе имам право да потпишам годишна сметка за 2012 год.бидејќи имам дадено барање за привремено уверение за сметководител?

    • Вељковски_С вели:

      Според Предлог Законот за измена на Законот за трговски друштва, кој е во собраниска процедура, обврската за потпишување на годишната сметка од овластен сметководител стапува во сила од 01.03.2012 година. Според тоа годишната сметка за 2012 чиј рок на предавање е 28.02.2013 година не мора да биде потпишана од овластен сметководител.

  33. босава вели:

    za kolku vreme se izdava privremeno uverenie imajki predvid deka baraweto za ovlasten smetkovoditel e podneseno vo oktomvri a se uste nema nikakov odgovor.

    • Вељковски_С вели:

      Според Законот одговор на поднесено барање за привремено уверение се дава во рок од 30 дена од поднесување. Во пракса има и други случаи кога се уште нема одговор на поднесеното барање.

  34. Milena вели:

    Сакам да регистрирам фирма за сметководствени услуги, бидејки до сега имам работено сметководство,со искуство од 20 години , а имам фирми што се и ДООЕЛ, здруженија и фондации дали како Трговец поединец , би можела да водам и ДООЕЛ ?

    • Вељковски_С вели:

      Трговец поединец-овластен сметководите може да врши сметководствени услуги и на ДООЕЛ и на ДОО.

      • Milena вели:

        1.Дали ќе можам да водам на сите ДООЕЛ или ќе бидам ограничено по промет на кои ДООЕЛ ќе водам?
        И уште едно прашање
        2. Имаме направено договор за закуп а сметките од ЕВН се ф-ра на физичко лице на сопственикот дали истите за мене можат да бидат трошок и да го користам влезното ДДВ?

        • Вељковски_С вели:

          Како трговец поединец-овластен сметководител ке можете да вршите сметководствени услиги на сите ДООЕЛ без оглед на висината на нивниот промет и нивната големина. Влезното ДДВ во фактурите не можете да го користите, бидејќи истите не гласат на ваше име. Трошок ке се признава но во пракса овие трошоци инспекторите ги третираат како дел од закупнина и бараат да се плати персонален данок.

  35. Sonja вели:

    Почитувани

    Имаме едно прашање. До последниот рок за поднесуване на барање за овластен сметководител (01,02,2013 )ќе имам работен стаж од 2години и 11 месеци, дали може да поднесам барање за овластен сметководител бидејки додека тече преодниот рок за полагање ќе го имам потребниот стаж во сметководствена насока. Ве молам за одговор или предлог дали би требало да поднесам за сметководител па потоа да добија лиценца за овластен или да причекам да имам 5 год работен стаж па потоа да поднесам барање за овластен сметководител. Инаку работам како сметководител во приватна текстилна фирма. Поздрав

    • Вељковски_С вели:

      Вие не можете да добиете времено уверение за овластен сметководител. Во колку имате високо образование од економска струка, моја препорака е да поднесете барање за добивање на времено уверение за сметководител, а со наполнување на три години работно искуство да полагате испит за овластен сметководител.

  36. Снежана вели:

    Во некои од предлог верзиите се споменување дека лицата што имаат магистратура на сметководство и ревизија нема да ги полагаат испитите на институтот, имаат право да добијат лиценца.
    Дали остана така или се смени.
    Дали лицата што имаат Магистратура сметководство и ревизија ( ги исплнуваат условите со стаж и образовани)ќе добијат привремена лиценца а по две години без полагање на испитите ќе добијат постојана?

    • Вељковски_С вели:

      Не, трајни уверенија без полагање испит добиваат лицата кои вршеле 25 години сметководствени работи и лицата со положен испит за овластени ревизори.

  37. TATJANA вели:

    dali ovlasteniot smetkovoditel mora da bide i osnovac na drustvoto za vrsenje smetkovodstveni raboti ili moze firmata da e osnovana od treto lice?
    blagodaram.

  38. Maja вели:

    Имам сметководствено биро,кај што сум вработена неколку месеци работен стаж со завршен економски факултет ,во истото биро, имам овластен сметководител вработено,дали ке можеме да продолжиме да работиме или ќе мора да вработам сметководител ? Позз

    • Вељковски_С вели:

      Не ке можете да добиете лиценца за работа на Друштвото без да приложите уверенија дека имате вработено најмалку еден овластен сметководител и еден сметководител.

      • mari вели:

        jas rabotev 5 godini vo smetkovodstveno biro kako smetkovoditel i sega vo druga firma Dooel sakaat da me prijavat kako smetkovoditel a imam i podneseno barawe za polagawe ispit za smetkovoditel dali firmata ke moze da me vraboti kako smetkovoditel

        • Вељковски_С вели:

          Нема проблем фирмата да Ве вработи како сметководител. Вероватно сте поднеле барање за добивање на времено уверение, бидејќи испитите сеуште не се закажани.

  39. Ilija вели:

    Imam zavrseno ekonomski fakultet i edna godina rabotno iskustvo pomosnik vo knigovodstvo, evidentiran kako administrativen rabotnik. Dali imam pravo bez da polagam za smetkovoditel da rabotam materijalno smetkovodstvo jas da gi pravam fakturite i da gi potpisuvam i site ostanati raboti povrzano so materijalno knogovodstvo t.e da vodam samo interno smetkovodstvo vo firmata a pri toa da si ima i eden ovlasten smetkovoditel.

  40. Mimi вели:

    Според ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ Член 21
    (1) Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен
    сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да врши
    сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот и
    запишување во соодветниот регистар.
    Член 23
    Трговецот поединец – сметководител, трговецот поединец – овластен
    сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се должни
    најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот
    список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со
    регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар кај Институтот и
    доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална
    дејност во износ утврден во член 21 став (2) точка 5) од овој закон.

    Значи ли тоа дека до 31 јануар 2013 година треба да ги достават до институтот потребните документи за добивање лиценца, сите што сакаат да склучат договори со фирмите за да им водат сметководство?

    • Вељковски_С вели:

      Значи дека треба во колку во тој рок се воспостават регистрите. Инаку според Законот регистрите се воспоставуваат во рок од четири месеци од основањето на Институтот, што значинајкасно до 03 март 2013 година.

  41. Ане вели:

    Почитувани,
    Јас сум дипломиран економист со работен стаж од 3 години, каде што 1 година и 9 месеци во сметководствено биро, и 1 година и 2 месеци во друга фирма каде што работам како финансиски консултант/аналитичар.
    Дали со ова ги исполнувам условите за полагање на испитот за овластен сметководител?
    Ви благодарам.

  42. Desanka вели:

    Pocituvani
    Jas samo sto diplomirav na ekonomski fakultet na nasoka smetkovodstvo,finansii i revizija,znaci rabotno iskustvo vo smetkovodstveni raboti nemam dali imam pravo da polagam ispit za smetkovoditel? I bidejki e osnovan Institutot na smetkovoditeli kade mozeme da dobieme poveke informacii za nivnite programi,obuki itn.?
    Blagodaram mnogu.

    • Вељковски_С вели:

      Можете да полагате за сметководител, бидејќи за тоа не се бара работно искуство. Институтот е основан и според расположивите информации досега е формиран надзорен одбор, Трба да се избере управен одбор и комисии кои ке ги донесат програмите и организираат испитите. Засега немам информации како може да се контактира со Институтот.

  43. goce вели:

    Pocituvani
    Barawata za ovlasteni smetkovoditeli po osnovawe na Institutot dali da se dostavuvaat na starata adresa do Ministerstvoto za finansii ili na adresa na insitutot i dali uverenijata za ovlasten smetkovoditel ce prodolzi so rabota komisijata od Ministrestvoto ili uverenijata ce gi izdava institutot.
    Pozdrav

    • Вељковски_С вели:

      Вреемените уверенија и трајните уверенија на сметководителите со над 25 години стаж (без полагање на испит) ке ги дава Министерството за финансии, а барањата ке се поднесуваат на истата адреса до 03.02.2013 година.

  44. Магдалена вели:

    Јас сум дипломиран економист (насока: сметководство и ревизија), во подготовка на магистарски труд (насока: сметководство и ревизија), вработена во приватна фирма 2 години, но иако вршам сметководствени и финансиски работи (за кои фирмата во секое време може да потврди), во Агенцијата за вработување сепак стои дека сум вработена како Администратор. Согласно условите, сега можам да аплицирам за привремено уверение за сметководител. Прашањето е следно: Дали по стекнување на 3 годишен стаж ќе можам да аплицирам за уверение за овластен сметководител (притоа да не го менувам работното место во Агенцијата, а фирмата ми издаде потврда) и дали постојат посебни услови за Магистри по сметководство и ревизија (под претпоставка дека до тогаш веќе ќе се стекнам со тоа звање), во врска со полагање на испитот за овластен сметководител?

    • Вељковски_С вели:

      По стекнување настаж од три години со потврда од фирмата дека сте работеле сметководствени работи и потврда од Агенција за вработување дека имате евидентиран стаж од три години ке можете да полагате за овластен сметководител. Агенцијата во својата потврда не наведува на кои работи сте пријавени и сте работеле. За магистри по економија нема никакви поволности во однос на дипломираните економисти.

  45. Marko вели:

    Imam zavrseno sredno ekonomsko i rabotno iskustvo od dve god. vo sopstveno smetkovodstveno biro, me interesira dali jas ke mozam da polagam za ovlasten smetkovoditel?

  46. Lulzim вели:

    Pocituvani,

    Diplomiran sum ekonomist. Imam rabotno iskustvo od 5 godini vo Firma kade sto vrsam smetkovodstveni raboti. Na prijavata mi stoi kako smetkovoditel megjutoa oglasot koga sum vraboten bil opst za site vraboteni.
    Ako vo potvrdata na agencija za vrabotuvanje ne mi izlaga godisen staz kako smetkovoditel, na koj nacin bi mozel da isteknuvam pravo za da dobija muverenie za ovlasten smetkovoditel?

    So pocit

    • Вељковски_С вели:

      Времено уверение за овластен сметководител ке добиете со потврда од Агенција за вработување за вкупен работен стаж (во потврдата не се наведува работното место) и потврда од фирмата кај што работите дека сте вршеле сметководствени работи.

      • АМ вели:

        Мислам дека на потврдата стои работно место и тоа ги буни многу луѓето, тие што праќале за уверение знаат дека пишува работно место. Зборам за потврда земена по барање за потврда за сметководители што е. Ме интересира само како известуваат од министерството кога имаш добиено уверение, има ли некои искуства тука?
        Поздрав

        • Вељковски_С вели:

          Вработените од нашата фирма поднесоа барања кои им се одобрени со потврда во која е само нагласено дека се работеле сметководствени работи. Од Министерството известуваат по мејл дека уверенија ви се готови и дека можете да ги подигнете секој работен ден од 14-16 часот.

  47. tatjana вели:

    imam dve prasanja:
    1.dali bi mozelo TP-ovlasten smetkovoditel da vraboti drugo lice so licenca;
    2.dali bi mozelo TP-ovlasten smetkovoditel da vraboti lice bez licenca(primer kako pomosnik- kurir za odenje do instituciite, odnosno administrativen pomosnik)?

    • Вељковски_С вели:

      Може ТП-овластен сметководител да вработи колку сака други овластени сметководители, сметководители и други лица без лиценца.

  48. dean вели:

    јас сум дипломиран економист, иако во сметководствено биро работам повеќе од 5години во агенцијата за вработување сум пријавен на 20 работни часа од 01.06.2011год.мене ме интересира дали можам да обавувам дејност како овластен книговдител која е понатамошната постапка да добијам лиценца за овластен сметководител,поздрав

    • Вељковски_С вели:

      Вие како дипломиран економист треба да имате потврда за работен стаж од најмалку 3 години од Агенцијата за вработување и потврда од фирмата кај што сте работеле дека стажот е во сметководствени работи за да се стекнете со право да полагате испит за овластен сметководител. Инаку, бидејќи Вие немате евидентиран стаж од 3 години до денот на стапување на Законот во сила не ги исполнувате условите за добивање на времено уверение за овалстен сметководител.

  49. Vesna вели:

    Jas sum diplomiran ekonomist i imam rabotno iskustvo od 3godini evidentirano so m1m2 obrazecot,sakam da Ve prasam dali ispolnuvam uslovi da dobijam licenca za ovlasten smetkovditel ili e potrebno da se polaga ispit, i dali e potrebno rabotnoto iskustvo da bide kako smetkovditel?Vi blagodaram

    • Veljkovski вели:

      Доколку работното искуство е во вршење на сметководствени работи тогаш вие ги исполнувате условите за добивање на времено уверение за овластен сметководител кое ќе биде со важност од 24 месеци од денот на издавање. Во овој период ќе треба да полагате испит за овластен сметководител кој ќе го организира Институтот на сметководители по неговото формирање.
      Доколку работното искуство не е во вршење на сметководствени работи тогаш вие може да полагате за сметковител.

  50. Васко вели:

    Почитуван,
    Дали можеби знаете или имате информација да ми разјасните една недоумица.
    Имено работам во сметководствено биро, со регулиран стаж од 9години и 11месеци до ден денес на речеме. Значи на 1ви Ноеври ке имам 10години и имама ССС. Дали ќе можам да аплицирам за уверение за овластен сметководител, или ќе се рачуна само стажот до денот на стапување во сила на законот (дајбоже да не е така :)

    • Veljkovski вели:

      Согласно токувањата на колегите правници како датум кој се зема како пресек за преодните и завшршни одредби се смета датумот на стапување на законот во сила (03.08.2012). Ова произлегува од членот 49 на законот кој вели:
      “Лицето кое до влегување во сила на овој закон вршело сметководствени работи може да поднесе барање за добивање уверение за овластен сметководител во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на овој закон,…“
      Значи рокот од 6 месеци е даден само за поднесување на барањето.

      • Васко вели:

        Бидејки е толкувањето малце проблематично, и не е прецизен и законот докрај, се обратив со истото прашање до Министерството за финанасии, од каде добив одговор дека сите што заклучно со 3 Фебруари 2012 год. ке наполнат потребен стаж (на кој и за што му треба) ќе влезат во преодните одредби. Краток цитат од одговорот што го добив „Што се однесува за Вашето прашање, Вие имате право да си поднесете барање за овластен сметководител на 1-ви ноември до 3-ти февруари.„

        Значи ова е толкувањето до кое ќе се држи министерството во преодниот рок.
        Поздрав и Ви благодарам и на претходниот одговор. Тука сме си да се дополнуваме.

  51. igor вели:

    imam zavrseno ekonomski fakultet i 6 god. rabotno iskustvo(no ne vo oblasta na smetkovodstvoto). od nova godina treba da smenam rabotno mesto i da rabotam kako smetkovoditel vo doo. dali ke moze da polagam za smetkovoditel i ako nemozam koj e nacinot (ili uslovi da ispolnam) za da mozam da rabotam vo novot pretprijatie kako smetkovoditel?

    • Veljkovski вели:

      Вие имате право да полагате испит за уверение за сметководител. Откако ќе стекнете искуство од 3 години во вршење на сметководствени работи ќе може да полагате и за овластен сметководител.

  52. blagica вели:

    Jas imam rabotno iskustvo od 33 godini i me interesira kako mozam da se steknam so licenca za smetkovoditel

    • Veljkovski вели:

      Доколку најмалку 25 години од работното искуство ви е во вршеење на сметководствени работи и имате најмалку средно образование, вие ги исполнување условите за добивање на трајно уверение за овластен сметководите согласно членовите 49 став 1 и член 50 став 4 од Законот за сметководствени равоти.
      Потребно е во рок од 6 месеци од донесување на Законот (до 03.02.2013) да доставите Барање за добивање на уверение за овластен сметководител до Министерството за финансии, и кон истото да доставите и уверение за завршено образование (или копија од истото заверена кај нотар), потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж, потврда од работодавач/и за работно искуство во вршење на сметководствени работи и доказ за уплата на надоместокот за добивање уверение.

  53. Suzana вели:

    Republika Makedonija postoi 21 godina i slavi 21 godina postoenje , a samata drzava bara da imame rabotno iskustvo od 25 godini za da dobieme licenca za ovlasten smetkovoditel bez da polagame.
    koja e logikata tuka.
    treba da imame staz od 21 godina ,kolku i sto postoi drzavata za da dobieme licenca bez da polagame, a ne 25 godini??????

    blagodaram na odgovorot

  54. Бошко Милошески вели:

    Јас добив уверение за овластен сметководител со трајна важност кои се понатамошните работи што треба да ги направиме односно со какви рокови сне врзани да постапиме по законот за вршење на сметководствени работи.

    • Вељковски_С вели:

      Наредната постапка е запишување во Регистарот на овластени сметководители во рок од 15 дена од воспоставување на Регистарот (кој пак ќе се воспостави во рок од 4 месеци од основање на Инсистутот). Институтот треба да се основа во рок од 3 месеци од стапување во сила на Законот (до 3 ноември). По запишување во Регистарот ке добиете регистарски број како овластен сметководител.

  55. Suzana вели:

    Pocituvani,
    dali lica koi sto pravat virmani, pravat plati , odjavi ,prijavi ,vnesuvaat dneven promet, podigaat gotovinia kako materijalni i patni trosoci , idr treba da imaat uverenija za smetkovoditel odnosno ovlasten smetkovoditel.
    Blagodaram.

  56. Maja вели:

    Имам ВСС и работен стаж од околу 7години, од нив 4 и пол во приватна форма, водев материјално сметководство и уште 3во училиште(4календарски со неполн фонд на часови во почетокот), каде што предавам практична настава каде практично се изготвуваат и сметководствено се евидентираат различни видови на документи.
    Од тоа што можев да го прочитам во законот, би требало да се квалификувам за привремено уверение за овластен сметководител. Но, ме интересира што по истекот на тие 24месеци за кои ми важи привременото уверение? Дали и со тоа и без тоа привременото ќе треба под исти услови да полагам испит за овластен сметководител? И дали и од двата работодавачи треба да поднесам потврда за работно искуство, или доволно е само од едниот?
    Однапред благодарам за одговорот!

    • Вељковски_С вели:

      Доволна ви е потврда само од приватната фирма (потребни се минимум три години). Во колку високото образование не ви е од областа на економија и бизнис во рок од две години од добивање на временото уверение треба да го положите испитот за овластен сметководител. Во колку високото образование Ви е од областа на економија и бизнис ке можете, независно дали имате привремено уверение за овластен сметководител или не, да полагате за трајно уверение во неограничен временски рок, односно се додека не го положите.

  57. Марија вели:

    Имаме приватна фирма ДООЕЛ во која не сум вработена и не сум сопственик или косопственик. Имам завршено Економски факултет и немам евидентиран работен стаж. Бидејќи треба 1 година работен стаж (што јас го немам)дали можам да поднесам барање за привремено уверение за сметководител и дали можам да се вработам во фирмата како сметководител?

    • Вељковски_С вели:

      Вие не можете да добиете времено уверение за сметководител, бидејќи немате една година работно искуство. Можете да се вработите како сметководител, но без право на потпис. Без работно искуство ке имате право да го полагате испитот за сметководител.

  58. Dragana вели:

    Jas sum diplomiran ekonomist i gi ispolnuvam uslovite za ovlasten smetkovoditel.Na koja adresa treba da se pratat dokumentite i na koja ziro smetka da se izvrsi uplatata .

    Pozdrav.

    • Вељковски_С вели:

      Документите треба да се испратат на адреса Министерство за финансии Бул. Мито Хаџилев Јасмин бр.50 1000 Скопје, или лично да се однесат на горенаведената адреса.Жиро сметката и останатите потребни елементи за уплата можете да ги најдете на нашата веб страница во одделот сметководство.

    • Снежана вели:

      Здраво,
      имам стаж од година и шест месеци во приватно претријатие во сметководство, сега веќе 3 ипол години работам како наставник во средно училиште, при што предавам сметководство. Според законот ги исполнувам условите за сметководител, дали може да добијам и дозвола за полагање за овластен сметководител, со потврда од училиштето и од приватното друштво за работење на сметководствени работи. однапред блгодарам за одговорот.

      • Вељковски_С вели:

        Имајќи ја во предвид дефиницијата за тоа што преставуваат сметководствени работи (член 2 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи) според мое мислење Вие не ги исполнувате условите за да даобиете право да го полагате испитот за овластен сметководител. Сепак побарајте мислење од Министерството за финансии кое ке е единствено валидно.

  59. Коки вели:

    Имам завршено средно мед.училиште,работно искуство од 16 години како сметководител,но работен стаж евидентиран девет години и два месеци.Дали ќе може да добијам привремено уверение за овластен сметководител?
    Во фирмата каде што сум вработен водам сметководство и на братот на газдата,дали со новиот закон ќе може со договор на дело да се води сметководство или ќе треба да склучи договор со сметоводствено биро?

    • Вељковски_С вели:

      Бидејќи имате средно образование треба да имате најмалку 10 години работно искуство евидентирано во Агенција за вработување за да добиете времено уверение за овластен сметководител. Со оглед дека не го исполнувате овој услов Вие може да добиете само времено уверение за сметководител. Со Законот за сметководствени работи не е предвидена можност за водење на сметководство со договор за дело, што подразбира дека тој мора да вработи сметководител или сметководството да го довери на сметководствено биро со склучен писмен договор.

  60. ELENA вели:

    Dali imam pravo da polagam za smetkovoditel nemam raboten stas a imam zavrseno ekonomski fakultet dali ke mozam da rabotam vo smetkovodstveno biro so ovlasten smetkovoditel so trajna licenca
    Odnapred blagodaram

    • Вељковски_С вели:

      Ке можете да работите во сметководствено биро, а за да полагате за сметководител не Ви е потребно работно искуство. За да полагате за овластен сметководител ке Ви е потребно три години работно искуство во сметководствени работи.

    • Вељковски_С вели:

      За да полагате за сметководител, бидејки имате економски факултет не Ви е потребно работно искуство. Со овластен сметководител во сметководствено биро ке можете да работите, но за да добие бирото лиценца, ако нема втор сметководител, Вие ке морате да го положите испитот за сметководител.

  61. maja вели:

    Може ли да ми кажете кој стаж ќе биде валиден,оној од Пио на листинг или оној од АВРМ.
    Имено јас имам 26 год стаж кој стои на листинг од ПИО,и стои во АВРМ, но ми е платен само 20 години.Однапред Ви благодарам.

    • maja вели:

      Сеуште не добив одговор,или пишете ми кај да се обратам за одговор.позз

      • Вељковски_С вели:

        Бидејќи според Законот потврдата за работен стаж ја издава Агенцијата за вработување, Вашиот стаж евидентиран таму е валиден за добивање на уверение за овластен сметководител. Имајќи го во предвид ова, според мое мислење Вие ги исполнувате условите за добивање на трајно уверение. Секако треба да обезбедите и потврда од работадавачот дека работното искуство е во вршење на сметководствени работи.

  62. igor вели:

    sakam da prasam kako trgovec poedinec ovlasten smetkovoditel dali ke mozam da vodam dooel firmi bidejki pogolem broj od firmite se se registrirani kako dooel i koj firmi ke mozam da gi vodam

    • Вељковски_С вели:

      Трговец поединец – овластен сметководител врши сметководствени работи за трговци поединци, здруженија и фондациии у други непрофитни организации и друштва со ограничена одговорност (ДОО И ДООЕЛ).

    • Viki вели:

      Kakov ovlasten knigovoditel ke bides ako ne si go procital Zakonot i ne ja razbiras definicijata za ovlasten smetkovoditel, od vakvi nasata profesija ostana na marginite, a so davanje na licenci po staz takva i ke si ostane za zal.

  63. Mimi вели:

    Во мојата фирма ДОО работам како управител и сметководител на мојата и други фирми а воедно сум и еден од оснивачите.Ги исполнувам условите за добивање уверение за овластен сметководител. Регистрирани сме со главна дејност трговија на мало, меѓутоа се занимаваме и со други административни услужни работи, а само мал дел од трговија. Дали со оваа постоечка фирма ќе можеме да добиеме лиценца за водење сметководство и дали ако својот оснивачки влог го препуштам на мојот син ќе можам да си ја потпишувам и мојата годишна сметка. Ви благодарам.

    • Вељковски_С вели:

      Во колку основачкиот влог го го преотстапите на вашиот син ке можете да ја потпишувате годишната сметка на вашата сегашна фирма.Што се однесува на тоа дали главна (можеби и единствена) дејност на фирмата треба да е сметководствени услуги, во Законот за сметководствени работи не постои таков услов, што наведува на заклучокот дека тоа не е услов за добивање на лиценца на друштвото. Од друга страна искуството на друштвата за ревизија покажува дека таму се бараше само една шифра на дејност како услов за добивање на лиценци. Сметам дека можеби со некој подзаконски акт ова прашање ке биде регулирано.

  64. Suzana вели:

    Imam 21 godina stas vo privatna firma i rabotam vo smetkovodstvoto.Dali ako so stapuvanje vo sila na zakonot dostavam baranje do Ministerot za finansii vo predvideniot rok ,dali toa znaci deka ke dobijam licenca za smetkovoditel ili za ovlasten smetkovoditel bez da polagam ispit.
    Odnapred blagodaram na vasiot odgovor.

    • Вељковски_С вели:

      Вие ке добиете времено уверение за овластен сметководител со важност од 24 месеци, со право да полагате за такво трајно уверение. За да добиете трајно уверение треба да имате работно искуство од 25 години.

  65. Наташа вели:

    Zdravo,jas sum diplomiran ekonomista,vo tekot na studiraneto odev kako praktikant za knigovodstvo (imam 3godisno iskustvo) no ne bev osigurana vo agencijata za vrabotuvane,me interesira dali ke mozam sega da polagam za smetkovoditel i dali ke moze posle da bidam ovlasten smetkovodtel?kaj smetkovoditel?
    I kaj mozam da se prijavam za polagane?Blagodaram mnogu!pozdrav

    • Вељковски_С вели:

      Според Законот работниот стаж се признава само ако е евидентиран во Агенцијата за вработување.Вие ке можете без работен стаж да полагате за сметководител, а по наполнување на евидентиран стаж од три години ке се стекнете со право да полагате за овластен сметководител. Пријавување за полагање ке се врши во Институтот за сметководители и овластени сметководители кој сеуште не е формиран.

  66. Zdravko вели:

    Госпоѓа Соња Илиевска дали Вие сте вработене во приватниот сектор?
    -За какво креирање на МСС политики зборувате,дали некој од големите сопственици-Минчо Јордановски или Свето Николовски ќе му дозволат на некој сметководител да му ја креира политиката???? тоа само може да се залажуваме тоа е некоја утопија,теоретско толкување на проблематиката.
    -Пресметката на ДДВ основно нешто што треба да го знае секој сметководител,ако не го знае при контролата од УЈП одговара и сметководителот како сметководелкана на Велија Рамковски.
    -Г,го книговодството го ценат газдите кои се офајдиле од книговодителот кој успеал да прикрие ДДВ и да му ги стави патите во џебот.
    -Ликвидирани се многу фирми од различни причини,со работа на фирма во малите места сопственикот за 2 години купува џип од 30000 евра на сопствено име со која маржа и да се работи нема можност тие пари да се заработат,или со неговата плата од 200 евра и луксузниот живот од наутро до навечер по кафичите.
    -Зборувате за лекарите за заклетвата што ја имаат дадено па свртете се кон стварноста кој лекар има одговарано ,и сега смрта во Ѓорче Петров на стариот човек за таа ли одговорност зборувате.
    -Г,го успешни се оние компании кај кои газдата се тресе на секој денар кој го има заработено со пот,а не како дошло така и отишло народски кажано.
    И на крај се што сакате да кажете тоа е теорија што се учи на факултет,стварноста е нешто сосема друго,ако ти се работе работи како што ќе ти кажам јас ако не дали ја глеаш вратата ве има со лопата да ве црпиме вие сте потрошен материјал.
    Јас сум сметководител во приватни фирми со искуство од 26 години.

    • Slobodan вели:

      Со извинување кон admin, но би сакал јас да реплицирам . Почит кон Вашето искуство од 26 години и она за што зборувате е вистина, но уште поголема вистина е дека тоа е МИНАТО. Еве , јас сум дип. економист со 15 год стаж на високи позиции во телекомуникацискиот сектор , но зошто се одлучив да започнам бизнис во оваа свера?
      1. МСС се правилник , стапен на сила од 01.01.2010 каде строго се дефинира што и како се прикажува во фин. известување ( а не вољата на Минчо и сл. )
      2. Кодекс на етика ( експлицитно се наведени начинот на соработка со клиентите и нивните интереси – во корелација со законските одредби , односот во рамките на самата сметководствена фела , односот на смет. кон останатите сметководители, начинот и висината на наплата на услугите – споредбено со просечната – валоризирана цена на чинење на извршување на одредена смет. услуга детерминирани од времето за нејзино извршување , трудот, степенот на внимание со кое се изработува и сл.
      3. Контрола на работење- предвидена во законот, каде експлицитно стои дека контрола кај одреден вршител на сметководствени раб. може да испрати ( меѓу другото ) и трета страна доколку постои сомнеж за непочитување на МСС , законските прописи и кодексот на етика .
      4. Секој , односно повеќето ќе имаме и еден вид непосредна меѓусебна контрола со тоа што сметководството ќе го доверуваме на друга фирма , и. т.н.
      Според тоа клучот веќе не е кај “газдите “, туку кај самите сметководители . Прашање е само дали фелата ќе се одважи она што претходно го наведовте како теорија да си го постави на вистинското место. Значи, секој од тие што ќе останат да работат, земајќи ги во предвид одговорноста и давачките што ќе следуваат , како и дигнитетот на професијата би требало себеси да си наложи : ” Да , Јас ќе бидам тој што прв ќе му испрати контрола на оној што ќе ги наруши принциите на работењето и што ќе го продаде достоинството на професијата за матните интереси на некој “газда ” ” .
      Оттука, почитуван господине – не се фрустрирајте. Можеби Вашето и искуството на многу други од толку години блио жртва за конечно да се донесат закони во оваа свера и да се стави крај на тој однос , но бидете сигурен дека во иднина оној кој ќе сака да вози “џип” – ќе мора да си го заработи .

    • stole вели:

      e gospodine sega e vremeto vie da go naplatite vaseto iskustvo i da si otvorete samite firma za vodene smetkovodstveni raboti pozdrav

  67. Emil вели:

    Imam doo koe e registrirano za site dejnosti po NKD a pretezna dejnost mu e 47.11-trgovija na malo.Ispolnuvam uslovi za ovlasten smetkovoditel i eden vraboten za smetkovoditel(za vremeni uverenija).Dali ke mozam da prodolzam da rabotam smetkovodstveni uslugi pod starata firma ili ke treba da otvoram nova so pretezna dejnost 69.20-smetkovodstveni raboti i ako treba dali ke moze da bide registrirana i za site dejnosti po NKD?

    Blagodaram

    • Вељковски_С вели:

      Ова прашање не е регулирано со Законот, што би значело дека не е битно дали основна дејност се сметководствени работи. Меѓутоа, искуството од друштвата за ревизија покажува дека, иако и таму Законот не прецизираше во пракса се бара да основна и единствена дејност бидат работите на ревизија, сметководство, проценка и.т.н. За разјаснување на ова дилема ке почекаме да отпочне примена на Законот или евентуално некакво толкување од Министерството за финансии.

      • ЃОРЃИ вели:

        Како сега стојат работите со ЗТД сметам дека покрај сметководствените работи ќе може да се обавуваат и други дејности од НКД. За да се промени ова треба измени и амандмани во постојниот ЗТД.

  68. JELENA вели:

    KE MOZE LI DA MI KAZETE KADE MOZE DA NAJDAM BARANJE ZA POLAGANJE NA ISPIT ZA SMETKOVODITEL

  69. Vanco_1 вели:

    Имам завршено средно економско училиште и работен стаж како сметководител 18 години во основно училиште.Дали може да поднесам барање за привремено уверение за овластен сметководител,и дали ке морам да полагам испит за истото?

    • Вељковски_С вели:

      Според мене Законот за вршење на сметководствени услуги не се однесува на сметководителите во буџетските корисници, но за званично толкување ќе треба да се обратите до Министерството за финансии.

  70. jasmina вели:

    Имам завршено средно земјоделско училиште а во книговодствено биро работам 8 години(со евидентиран стаж во Агенцијата за вработување),ме интересира дали исполнувам услови за сметководител или пак,овластен сметководител и која е понатамошната процедура,Поздрав

    • Вељковски_С вели:

      Вие можете да добиете времено уверение за сметководител со важност од две години, за што треба да поднесете барање до Министерот за финансии до 03.02.2013 година. Со добивање на уврението се стекнувате со право да полагање на испит за добивање на такво трајно уверение, кој испит треба да го положите во рок од две години од добивање на временото уверение.

  71. Gordana вели:

    Сакам сега да Ве прашам-дали треба да се полага испит за времено уверение за книговодител или директно ќе ја добиеме привремената лиценца и колку пари треба да се плати за привремена лиценца,Ви благодарам

  72. gordana вели:

    јас сум дипломиран економист,во книговодствено биро работам повеке од 3 години,од септември 2007,мегутоа пријавена со м1м2 образец сум од 01.06.2011год.ме интерсира дали исполнувам услов за овластен сметководител или сметководител и која е понатамошната процедура за добивање на лиценца.Ви благодарам,поздрав

    • Вељковски_С вели:

      Вие ги исполнувате условите за добивање на времено уверение за сметководител (за истото до 03.02.2013 година треба до министерот за финансии да поднесете барање со пропишаната пропратна документација) и право да полагање за трајно уверение за сметководител. Право за полагање на испит за овлестен сметководител ќе добиете со наполнување на три години на работен стаж евидентиран преку Агенцијата за вработување.

  73. Дејан вели:

    Dali ke moze da polagam za semtkovoditeli,odev na praksa 3godini kaj smetkovoditel ama ne bev prijaven (samo imam potvrda deka imam rabotno iskustvo do 3godni)?

    • Вељковски_С вели:

      Во колку имаш завршено средно економско образование или восоко образование од областа на економијата и бизнисот можеш да полагаш без работно искуство. Инаку, работното искуство кое не е званично евидентирано како работен однос, Законот не го признава.

  74. ирена вели:

    Posto smetkovoditel vo idnina moze da bide lice koe kje vodi dukjancinja, zosto voopsoto licata sto rabotat vo smetkovodstvata na golemi i sredni danocni obvrznici bi polagale za licencata smetkovoditel neli e dovolno eden covek da ima licenca za ovlasten smetkovoditel koj i kje bide potpisnik na zavrsnite smetki.

    • Вељковски_С вели:

      Според Законот може малите, средните и големите трговци да имаат само еден овластен сметководител, тоа е законскиот минимум, но може по сопствена проценка фирмата да има и повеќе овластени сметководители.

  75. Pando вели:

    Ne go dobiv odgovorot. Dali tie operateri na kompjuteri treba da polagaat ispit za smetkovoditel ili netreba?

    • Вељковски_С вели:

      Според Законот за сметководствени работи секое трговско друштво кое самостојно го води сметководството, треба да има вработено најмалку еден овластен сметководител кој ќе е одговорен за исправноста на сметководствената евиденција и ке ја потпишува годишната сметка или финансиските извештаи. По сопствена проценка, а во зависност на обемот и сложеноста на сметководствената евиденција и документација друштвото може да има и повеќе овластени сметководители и сметководители. За внесување на податоци во компјутер, обработка на плати, вршење на плаќања и други слични работи според мое мислење, не е потребна лиценца за сметководител.

      • ЃОРЃИ вели:

        ЛИЦЕНЦИ добиваат само:
        1. Трговец-поединец сметководител
        2. Трговец-поединец овластен сметководител
        3. Трговско Друштво кое основна дејност ќе биде вршење на сметководствени работи кои во склоп на фирмата ќе имаат најмалку 1 овластен сметководител и 1 сметководител кои ќе имаат привремени ( со обврска да си го положат испитот во рок од 2 години и добијат трајни ) или трајни уверенија
        ДОДЕКА:
        Другите две категории Сметководител и Овластен Сметководител не добиваат лиценци туку само УВЕРЕНИЈА (времени или трајни) и кои ќе можат да работат единствено како вработени во фирмите и само за нив и никој друг.

        Оттука со програмите и со документацијата која ќе се користи при пресметување, контирање и слично на тоа, задолжително ќе мора да работи најмалку сметководител поради точноста, одговорноста и доверливоста на податоците, затоа што казните се насочени на оние кои во суштина работат на документацијата (сметководителите), контирањето и пресметувањето, поточно алокација на настаните, средствата и парите.
        Ако тоа не го изведуваат сметководители или овластени сметководители во кои ќе има проверена стручност и доверливост и со закон утврдена одговорност како тогаш тие кои единствено имаат право да потпишат Завршната Сметка БИ СЕ ОДЛУЧИЛЕ да го сторат тоа.

        Оттука сметам дека на Г-ин Пандо 10-те сметководители ќе треба да поседуваат времени или трајни уверенија согласно законот од кои најмалку еден од нив треба да поседува уверение за овластен сметководител.

        Поздрав

  76. Нада вели:

    Имам завршено економски факултет и 26години работно искуство во областа на сметководство.Кога би добила трајно уверение дали би можела да водам сметководство и на друга фирма во која ниту сум пријавена како сметководител во работен однос ниту по договор на дело ниту пак сум платена од другата фирма туку работам затоа што е блиска на мојот газда. Досега ја правам и потпишувам и нивната завршна сметка.
    ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ.

    • Вељковски_С вели:

      Не, за вршење на сметководствени работи, фирмата треба да има вработен овластен сметководител или да склучи договор за вршење на сметководствени услуги со Друштво за сметководствени услуги или Трговец поединец овластен сметководител.

  77. Pando вели:

    Nekoi raboti ne mi se jasni.Sto e toa smetkovoditel na denesno vreme?Na era na totalna avtomatizacija kade eden personalec so dobar program(a poveketo se dobri) za vodenje na materijalno,finansovo,plati i osnovni sredstva vrsi 80% od smetkovodsvenite raboti vo edna firma, nie barame smetkovoditeli pa duri so 10 godini rabotno iskustvo.Sto raboti smetkovoditelot odnosno sto e smetkovoditel? Lice sto ke go vnese izvodot? Lice sto ke gi sreduva dokumentite po vidovi nalozi? Lice sto ke izvadi IOS i ke se javi kaj odreden komintent da go potseti deka treba da plati?Lice sto ke gi vnese podatocite za plata?Lice sto treba da vnese priem od dobavuvac , interna ispratnica, dneven pazar,faktura toa se smetkovoditeli i za toa treba liceto da ima 10 godini rabotno iskustvo.Nie vo nasata firma imame 10 vakvi lica , tie ke treba da polagaat ispit za ova sto go rabotat?

    • Вељковски_С вели:

      Според Законот, под “сметководствени работи“ се подразбира прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водење на трговски/деловни книги и составување на годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон. За да може овие работи квалитетно да ги врши сметководителот и да подготви финансиски извештаи во кои се правилно утвдени приходите, расходите, средствата, обврските и капиталот истиот треба добро да ги познава МСС и МСФИ (текст од околу 2.500 страници) и огромен број на прописи од домашната регулатива. За жал кај голем дел од раководителите во нашите фирми (посебно оние од техничките струки) поимањето за сметководител е како Вашето (оператер на компјутер) па поради тоа и за струката се регрутираат такви кадри (гимназијалци, социјални работници, професори, правници и др. струки). Во досегашната пракса таквите лица вршеа сметководствени работи за многу ситни пари, но и немаа никваква одговорност. Како резултат на тоа финансиските извештаи на најголемиот дел од нашите фирми се такви да не им веруваат домашните и странските инвеститори. Најискрено се надевам дека со примена на Законот за сметководствени работи до вистински израз ке дојде вредноста на квалитетните сметководители, во смисла на нивно правилно вреднување и наградување. Истото ке доведе до подготвување на финансиски извештаи кои ке даваат вистинска и објективна слика на финансиската успешност и состојба на фирмите, а со тоа и привлекување на домашни и странски инвеститори.

    • Соња Илиевски вели:

      Во врска со коментарот на Г-дин Пандо би го запрашала следново:
      1. Кое од неговите 10 лица кои внесуваат податоци во компјутер е одговорно за доследна примена на Меѓународните стандарди за сметководство и Меѓународните стандарди за финансиско известување ( доколку се разбира знае за што пишувам) . Тоа се единствени прописи кои ја регулираат сметководствената материја во Република Македонија и задолжително се применуваат при водење на сметководството.
      2. Кое од неговите 10 вработени ги креира сметководствените политики и процедури во неговата фирма и се грижи за нивна конзистентна примена.
      3. Кое од лицата е одговорно за пресметка на даночните обврски и одговара пред надлежните инспекции од УЈП, царина, Народна банка на Република Македонија… Досега за сите прпопусти и грешки при пресметка на даноците одговара единствено Управителот, кој во најголем број случаи воопшто и не е упатен во даночните прописи.Од ова заклучувам дека Управителите се оставени на милост и немилост на оние кои ги пополнуваат даночните пријави, кои освен технички точно пополнување на обрасците досега немаат никаква друга одговорност.
      4. Дали знаете колку компании се ликвидирани поради сметководствена грешка, колкави се глобите за неточно водење на сметководство неточно пополнети и ненавремено поднесени даночни документи?
      5. Како што лекарот е одговорен за здравјето и животот на пациентот, така и сметководителот за здравјето и животот на правните субјекти и треба да сноси целосна морална и материјална одговорност за својата работа.
      6. Како би го казниле вработениот кај Вас што да кажеме по негова вина погрешно Ви пресмета данок од на пример 1.000.000 денари. Ќе му задржите 30% од плата и во наредните 30 години ќе си го наплатите побарувањето ( доколку самиот не си даде отказ навреме ).Не сте осигурани од ризик од сметководтвени грешки а сметководителот нема лиценца со која одговара за својата стручност и работа.
      7. Вашиот став е тотално деградирање на сметководствената професија и ако така размислувате тогаш треба да барате правни совети од инжинер, да одите на лекување кај автомеханичар, да користите софтвер изработен од лекар, а при дефект на Вашиот автомобил јавете се кај некој сметководител. Вашето сметководство можете да го доверите и на угостител па да видиме што ќе Ви зготви ????
      8. Почитуван Г-дине од моето досегашно искуство можам да зклучам дека сметководството најмногу го ценат оние кои дебело платиле за сметководствена грешка, најуспешните компании кои ги познавам имаат стручни лица со долгогодишно искуство кај нив во сметководството, ценети и добро платени стручњаци кои имаат голем удел со успешното работење на самата компанија.
      9. Во денешно време успехот на компаниите во најголем дел зависи од навремени, квалитетни и точни информации кои се неопходни за успешно работење. Информациите за минатото работење и планирање на идното работење на компаниите се добиваат единствено од сметководството. Неточните информации наведуваат на погрешни активности а со тои и на лоши резултати во работењето.

      Се надевам почитуван Г-дине дека успеав донекаде да Ви ја објаснам улогата и одговорноста на сметковителот и доколку сум сопственик на компанија, нема така лесно да се одлучам на кого да го доверам водењето на сметководството.

    • stole вели:

      gospodine za se sto se raboti treba da se ima soodvetno obrazovanie a ne nekoi so zemjodelsi fakultet drzat mesta na diplomirani ekonomisti e toa nekako ne ide zatoa go podrzuvam ovoj zakon sto e donesen so zakasnuvanje od 20 godini

  78. Slobodan вели:

    Внимание !!
    Ве молам за анализа и мислење околу следново :
    М.Ф. веќе пушти во оптек формулар – барање за добивање на уверение за овл. сметководител и веќе може да се аплицира .
    Но , од друга страна :
    Член 18:
    (1)Лицето кое добило уверение за сметководител, односно овластен сметководител стекнува право за вршење сметководствени работи СО УПИСОТ ВО РЕГИСТАРОТ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ , ОДНОСНО РЕГИСТАРОТ НА ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ.
    (5) Лицето од ставот (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнувањето на уверението за сметководител,односно ,овластен сметководител ВО СПРОТИВНОСТ ИСТОТО ГО ГУБИ ПРАВОТО НА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ.

    Член 53
    (1) Регистарот на сметководители, Регистарот на овластени сметководители,Регистарот на Т.П.- сметководители , Регистарот на Т.П.-овластени сметководители и Регистарот ма Друштвата за вршење на сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од основање на Институтот.
    Член 53:
    (1)Регистарот на сметководители, Регистарот на овластени сметководители,Регистарот на Т.П.- сметководители , Регистарот на Т.П.-овластени сметководители и Регистарот ма Друштвата за вршење на сметководствени работи ќе се воспостават во рок од четири месеци од основање на Институтот.

    Според ова произлегува дека оние кои сега ќе аплицираат за добивање уверение ќе го изгубат правото да бидат запишани во Регистар , а со тоа и правото за вршење смет. работи од причина што ќе поминат повеќе од 60 дена од добивање на уверение од воспоставување на Регистрите. Дали ова всушност испаѓа како “стапица” .
    Дали , фактички првиот момент за поднесување на барање на уверение е два месеци после основање на институтот , односно најрано можно што може да се добие уверение е отприлика 11.01.2013 , а најкасно 11.02.2013 . Според ова рокот за аплицирање всушност се сведува на 1 месец . Ве молам за ваша анализа , според рокови и термини,околу цела процедура од поднесување на барање за уверение до регистрација на Т.П или Друштво за да се добие јасен преглед и да се избегнат проблеми.

    • Вељковски_С вели:

      Се сложувам дека постои од Ваша страна забележаната неусогласеност на роковите, меѓутоа сметам дека не се работи за намерна стапица. Причината за тоа според мене е тоа што на комисиската расправа е усвоен амандман кој дава право на сметководители да добијат трајно уверение за овластен сметководител од министерот за финансии без полагање на испит и тоа пред формирање на Институтот (овластените ревизори уверенија ке ги добијат од Институтот на овластени сметководители и сметководители, значи по негово формирање). Од друга страна сметам дека ова е добро решение од причина што кој ке ги сочинува органите на институтот ако нема овластени сметководители. Сметам дека во пракса Институтот треба да се формира веднаш по доделувањето на првите уверенија од Министерот, бидејќи рокот од четири месеци е краен и не мора тој да помине па да се истиот конституира.

  79. beti вели:

    pozdrav
    imam zavrseno ekonomski fakultet – revizija i smetkovodstvo, veqe 5 kodini rabotam kako finansov smetkovoditel vo javno pretprijatie sakav da znaem sto qe bide so nas.

    od napred vi se blagodarvam

    • Вељковски_С вели:

      Вие ги сполнувате условите за добивање на времено уверение за овластен сметководител и право да полагате за такво трајно уверение.

  80. Vera вели:

    Имам завршено средно образование 3 степен, а имам работно искуство во сметковотство (целосно матријално, финансово, завршни сметки) повеќе од 10 години. Според новиот закон по мое мислење, а мислам на член 48 во кој не пишува какво средно образование, можам да поднесам барање за уверение со важност од 2 години, но за да можам да полагам ќе морам да имам барем средно економско што би значело дека ќе мора да се доквалификувам. Дали сум во право со мојата констатација.
    Ви благодарам

    • Вељковски_С вели:

      Според членот 48 од законот Вие ке добиете времено уверение за овластен сметководител, доколку поднесете барање со потребна документација до министерот за финансии, најдоцна до 03.02.2013 година.Според ставот 3 од членот 49 Вие ке имате право да полагате за трајно уверение за овластен сметководител, доколку во времетраењето на временото уверение, односно во рок од две години поднесете барање и го положите испитот за овластен сметководител. Во овој случај не Ви е потребно средно економско образование туку било какво средно образование.

      • stole вели:

        gospodine ako dobro razbrav sekoj so sredno koe i dae moze da bide ovlasten smetkovoditel ako ima rabotno iskustvo 10god i go polozi ispitot pa togas i nie kako diplomirani ekonomisti so eden ispit za doktori ako ni obezbedite mozeme da lecime luge.

        • ЃОРЃИ вели:

          Токму така ГОСПОДИНЕ СТОЛЕ, ама заборавивте дека за да го полагате тој испит за ДОКТОР треба да имате минимум 10 практика во медицината. А кој воопшто може да ја има таа практика сем верифицирани доктори.
          Тоа што се случи со оваа професија е продукт на еден поранешен систем и се нарекуваше СЕСТРАНО РАЗВИЕНА ЛИЧНОСТ и сега таа аномалија ќе биде отсранета, но затечените случаи треба ли да завршат во контејнер според Вас Господине Столе или како што досега ја работеле и знаеле да ја работат така и понатаму со тоа што ќе бидат на проверка во рок од 2 години.
          Колку сте смешен со вашата аналогија …
          Поздрав

  81. Zane вели:

    Imam 15 godini evidentiran i zaveren raboten staz ,so sredno ekonomsko obrazovanie vo prvata firma raboteno 6god, no taa vo 1997god e vo stecaj Isto i vo vtorata firma bev prijavena kako osniva; i upravitel vo zavodot za vrabotuvawe a rabotev vo smetkovodstvo i taa e zatvorena so stecaj.Vo poslednata vo koja rabotam e moe smetkovodstveno biro , kako ke dobijam potvrda od prethodnite rabotodavci cii firmi ne postojat .Dali ako rabotodavcite na zatvorenite firmi mi dadat izjava zaverena na notar so Sto ke potvrdat deka jas navistina sum rabotela vo smetkovodstvo ke dobijam vremena licenca za ovlasten smetkovoditel

    • Veljkovski_S вели:

      Ова прашање засега не е регулирано, верoјатно со некој подзаконски акт ке го регулира Министерството за финансии или евентуално Институтот на сметководител, а вакви случаи сигурни ке има многу.

      • Вељковски_С вели:

        Според членот 48 Вие ке можете да добиете времено уверение за овластен сметководител, доколку до 03.02.2013 године поднесете барање со пропишаната потребна документација до министерот за финансии. Спред ставот 3 од членот 49 Вие ке имате право да полагате за трајно уверение за овластен сметководител, доколку поднесете барање и го положите иситот во рок од двете години колку ке Ви важи временото уверение. За тоа не Ви е потребно да имате средно економско образование туку било какво средно образование.

  82. eli вели:

    Според новиот закон од кој треба да бидат потпишани завршните сметки за 2012год.Ви благодарам

    • Veljkovski_S вели:

      Законот за сметководствени работи не го регулира ова прашање, веројатно истото ке биде регулирано со Закон за трговски друштва или друг пропис.

  83. Мери Каровска вели:

    Менаџер сум во една филијала на наша банка.Паралелно, дополнително, водам книговодство на фирми 20 години-со договор на дело и пријавена како овластен книговодител во УЈП, а и пред години бев и сопственик на фирма за вршење на книговодствени услуги.Имам завршено економски факултет.
    Моето прашање е следно:дали ке можам и натаму дополнително да работам како овластен книговодител иако сум во редовен работен однос во една наша б-ка?

    • Veljkovski_S вели:

      Според Законот за сметководствени работи, секој обврзник за водење на сметководство треба да вработи сметководител или да склучи договор со друштво за вршење сметководствени работи или трговец поединец. Според тоа не e предвидено да може да се води сметководство со договор за дело со нерегистрирани лица.

      • Мери Каровска вели:

        Во Законот за работни односи (мислам во член 121) стои дека доколку добиете согласност од вашиот работодавач, имате законско право да работите дополнитено уште 10 часа неделно.Дали ова значи дека ако имам ваква согласност од мојата б-ка јас можам да се регистрирам како трговец поединец со лиценца за овластен сметководител и да ја продолжам мојата 20 годишна работа и натаму? Или можеби можам да работам во некое книговодствено биро?
        Ви благодарам,

        • Вељковски_С вели:

          Вашето прашање е од правна проблематика и не би можел да Ви дадам дециден одговор. Би Ви препорачал да се јавите во некоја од консултамтските куќи кои имаат вработени правници кои се специјалисти за оваа проблеметика (Проагенс, Рафајловски или др.).

  84. goce вели:

    Почитувани
    По професија сум дипломиран економист со работен стаз повеќе од 25 години стекнат во 3 фирми,и истиот ми е евидентиран од Агенцијата за вработување.Потврди за работното искуство од двете фирми не е проблем,
    но едната фирма во која имам повеќе години работено од порано е во стечај и повеќе не постои,така да нема кој да ми издаде потврда за работното искуство.Прашање Како ќе биде регулирано во вакви ситуации со оглед на тоа Што многу фирми повеќе не постојат и дали ги исполнувам условите за добивање трајно решение за Овластен сметководител.
    Поздрав

  85. Зоци вели:

    Јас сум дипломиран економист на департман Сметководство и ревизија, имам работено година ипол во книговодствено биро, но имам само пола година стаж. Нашата фирма е трговец поеднинец, а шефицата има 20 години работно искуство како сметководител, но нема факултет, ниту средно економско. Моментално работиме само двете. Како може да продолжиме да функционираме?

    • Veljkovski_S вели:

      Во колку Вашата шефица има било кое средно образование и најмалку 10 години работно искуство во вршење на сметководствени работи ке добие времено уверение за овластен сметководител и право да полага за добивање на такво трајно уверение. Вие ке имате право да полагате за сметководител, а по наполнување на три години работно искуство во вршење на сметководствени работи ке се стекнете со право за полагање на испит за овластен сметководител.

  86. Vesna вели:

    Pocituvani,
    imam zavrseno sredno ekonomsko uciliste i rabotam vo privatna firma JTD zavedeno vo agencijata za vrabotuvanje kako knigovoditel i imam staz od 23 meseci do denes.Dali imam pravo da dobijam uverenie za rabota kako smetkovoditel ikoja e e procedurata dali da podnesuvam baranje za privremeno uverenie.
    Pozdrav.

    • Veljkovski_S вели:

      За да добиете времено уверение за сметководител во колку имате средно образование треба да имате најмалку три години работно искуство во сметководствени работи. Вие не го исполнувате овој услов и не може да добиете времено уверение, но бидејќи имате средно економско училиште можете да полагате за трајно уверение за сметководител.

  87. nate вели:

    jas sum diplomiran ekonomist departman smetkovodstvo i reizija, volontirav vo smetkovodstveno biro okolku 2 god. rabotev vo privatna firma nekolku meseci kako smetkovoditel a bev prijavena kako referent za prodazba, momentalno rabotam kako smetkovoditel so dogovor za delo kako referent za marketing, prasanjeto mi e Dali jas ke mozam da polagam za licenca za smetkovoditel, ili mora prvo staz od 1 godina da imam pa posle da polagam? Koga ke dobijam pravo da polagam za smetkovoditel?

    • Veljkovski_S вели:

      Вие имате право да полагате испит за сметководител, за што не Ви е неопходен услов работниот стаж. Работниот стаж од една година Ви е неопходен за да добиете времено уверение за сметководител. За полагање на испит за овластен сметководител потребно е да имате работно искуство на сметководствени работи од 3 години.

  88. Слободан вели:

    На web страната на Министерството за финансии веќе се објавени начинот и упатството за поднесување на барања за сметководител и овластен сметководител.
    Барање :http://finance.gov.mk/node/137 ,
    Упатство : http://finance.gov.mk/node/2699
    Е сега ќе поднесуваме барања , а за плаќање на крај ќе не ” дерат ” .
    Како што претпоставивме стажот ќе се докажува “само” со потврда.

  89. mari вели:

    imam sredno ekonomsko i 4 godini raboten staz vo smetkovodstveno biro dali ke moze da dobijam uverenie za smetkovoditel bez da polagam i dali ke mozam da polagam za ovlasten smetkovoditel.

    • Veljkovski_S вели:

      Со средно економско училиште и 4 години работен стаж како сметководител може да добиете времено уверение за сметководител во траење од 24 месеци и право да полагате испит за добивање на трајно уверение за сметководител.Вие не ги исполнувате условите за полагање на испит за овластен сметководител.

  90. Tatjana вели:

    Водам книговодство за три фирми а вработена сум во една од нив. Дали може да се пријавам како вработена со 15 часа во двете и 10 часа во третата фирма? И уште едно прашање, дали смеам да водам сметководство на фирма чиј основач е член на фамилијата (синот) ?

    • Veljkovski_S вели:

      Може да бидете вработени само во две фирми по 20 часа.Нема ограничувања за водење на сметководство на фирма на член на семејството, не можете да водите сметководство во која Вие сте вложувач со учество од над 2% во влогот.

  91. Snezana вели:

    Imam rabotno iskustvo od 5 godini vo smetkovodstvo vo privatna firma.Dali dokolku ne dobijam potvrda od rabotodavacot ,dogovorot za rabota vo koj stoi deka sum rabotela na rabotno mesto smetkovoditel mi e validen dokument.Dali moram da bidam vo raboten odnos za da go dobijam privremenoto uverenie za ovlasten smetkovoditel.

    • Veljkovski вели:

      Не постои обврска моментално да сте во работен однос за да добиете уверение за овластен сметководител. Во Законот стои дека како доказ за искуство во вршење на сметководствени работи е потврда од работодавачот, дали при неможност да се добие потврда како валиден доказ ке се договорите за работа или обрасците М1 ке се види кога ке почне практично да се издаваат уверенијата (според мене тие треба да се валиден доказ, ако имаат печат и потпис од рабортодавачот).

  92. LILE вели:

    IMAM ZAVRSENO SREDNO EKONOMSKO ,IMAM RABOTEN STAZ 20 GOD.VO PRIVATNA FIRMA GI VODEV SMETKOVODSTVENITE RABOTI,A SUM PRIJAVENA KAKO PRODAVAC.DALI IMAM PRAVO NA POLAGANJE NA ISPIT ZA SMETKOVODITELI POSTO MI PONUDIJA RABOTA VO SMETKOVODSTVENO BIRO.KADE DA SE OBRATAM ZA DA DOBIJAM LICENCA?

    • Veljkovski_S вели:

      Вие ако извадите потврда од Агенција за вработување дека имате работен стаж од минимум 10 години и потврда од приватната фирма дека во тој период сте работеле сметководствени работи (според Законот како доказ не се бара м1/м2) може да поднесете барање до Министерот за финансии за добивање на времено уверение за овластен сметководител (најдоцна до 03.02.2013 година. По добивање на временото уверение кое е со важност од 2 години, Вие се здобивате со право за полагање на испит за добивање на трајно уверение за овластен смеководител кој испит треба да го положите во време на важноста на привременото решение.

  93. makedonka вели:

    spored zakonot za smetkovoditelikoj izleze danovive
    smetkovodstvo mo@e da vodat ovlasteni smetkovoditeli
    Jas sum diplomiran ekonomist na 1vi stepen na Ekonomski Fakultet Skopje 1983god i imam raboten staz od 20gog od koi 10 god kontinuirano vo smetkovodstvo vo privatna firma.
    Prasaneto mi e Dali Jas treba da polagam za da rabotam vo smetkovodstvo
    i ako e taka, koja e procedurata

    • Veljkovski_S вели:

      Вие треба да извадите потврда од Агенцијата за вработување за работниот стаж и потврда од приватната фирма за дека сте работеле 10 години (минимум 8) на сметководствени работи. Овие потврди заедно со барање треба да ги доставите до министерот з финансии, најдоцна до 03.02.2013 година, кој ке Ви издаде привремено уврерние за овластен сметководител во важност од две години . Со добивање на ова уверение Вие се стекнувате со право за полагање на испит за добивање на трајно уверение за овластен сметководител кој испит треба да го положите во рок од двете години кога Ви е во важност привременото уверение.

  94. Zdravko вели:

    So noviot zakon za smtkovodstvo JTD i DOOEL kako smetkovodstveno biro mora da ima 1 ovlasten smetkovoditel i 1 smetkovoditel,bidejki ne sum vo moznost da vrabotam uste 1 smetkovoditel ke mora da ja likvidiram starata firma i da otvoram TP,dali smetkovosdtvenite raboti moze sam da si gi vodam bidejki jas mora da bidam sopstvenik na TP,a vo zakonot se zboruva da ne se bide osnivac,sopstvenik,2% akcioner i ……

  95. Андреј вели:

    До 23,07,2012 година до изгласување на законот во собранието на РМ имам проверено во заводот за вработување при што се поднесени обрасци М1/М2 каде стажот ми е 26 години 1 месец и 3 дена со проверка на стажот во фондот за ПИОМ има 21 Г 5 М и 15 дена што значи дека за разликата во годините е само поднесувано М1/М2 во заводот за вработување ,а ПИОМ ме немаат пријавено дали со потврдата од заводот за вработување го исполнувам условот за издавање на уверение со трајна важност,

    • Veljkovski_S вели:

      Со потврда од Агенцијата за вработување за висината на стажот и потврдата од фирмата кај што Ви е стажот дека сте работеле сметководствени работи ги исполнувате условите за уверение со трајна важност.

  96. Gipi вели:

    Rabotim kako smetkovoditel vo smetkovodstveno biro kade sum vo redoven raboten odnos , no , imam 16 meseci raboten stazh i sredno ekonomsko dali ke mozhe da dobijam vremeno uverenie od 24 meseci.
    pozdrav.

  97. Zdravko вели:

    Rabotno iskustvo od 21 godina so zavrseno SSS gimnazija rabotam vo svoja firma JTD kako smetkovoditel dali gi ispolnuvam uslovite za ovlasten smetkovoditel

    • Veljkovski_S вели:

      Вие исполнувате услов да добиете времено уверение за овластен сметководител со важност од 24 месеци од денот на издавање. Исто така вие ке можете да добиете трајно уверение за овластен сметководител во колку во рок од 24 те месеци го положите испитот за овластен сметководител.

  98. vesna вели:

    Го читав законот и Ве молам за објаснување дали добро разбрав , наиме лицата со несоодветно образование можат да поднесат барање до министерство за финансии со пропратни документи за да од таму им издадат дозвола за полагање на испитот ,и дека е со временски рок ограничено .
    Поздрав ,

    • Veljkovski_S вели:

      Да, за времените уверенија со 10(ССС),8(ВШС) и 3(ВСС) години работно искуство во сметководство не е битно дали имаат економско образование или било која друга струка и тие ке мораат во 24те месеци во кои важи уверението да го положат испитот. Лица со над 25 години работно искуство во сметководство, без оглед на образование и струка добиваат трајни увреенија за овластен сметководител..

  99. Блашка вели:

    Имам своја фирма ДООЕЛ и 30год.радотно искуство ССС економско училиште дали министерот ке ми издаде трајна лиценца за овластен сметководител и дали со вработување на еден сметководител ке можам да водам книговоство и на својата фирма.

    • Veljkovski_S вели:

      Во колку до 03.02.2013 поднесете барање со прпишаната потребна документација ке добиете трајно уверение за овластен смтководител.На своја фирма Вие не можете да водите сметководство туку само ако имате вработено друг овластен сметководители или сметководството да го доверите на надворешни вршители на сметководствени услуги.

  100. Natasa вели:

    Здраво

    јас сум со завршен економски факултет и 3 месеци работно искуство како сметковидител,значи според законот имам право да полагам за сметководител.Ме интересира дали сте запознаени колку ќе изнесува уплатата за полагање за сметководител ?

    • Veljkovski_S вели:

      Организацијата и спроведување на испитот ке ги спроведива Институтот кој ке утврди програма и ке ја одреди цената за полагање на испитите. Институтот треба да се конституира во рок од 3 месеци од стапување во сила на Законот.

  101. Mustafa вели:

    Ja sum smetkovoditel vo srednite uchilishta vo redoven raboten odnos dali i za mene vazhi ovoij zakon ili za budzhetskite korisnici naknadno ke se reshi.

    • Veljkovski_S вели:

      Според Законот за сметководстевени работи овластениот сметководител води трговски/деловни книги и составува и потпишува годишна сметка и финансиски извештаи за сите обврзници за водење на сметководство. Не ми е познато дали се подготвува некој посебен пропис за сметководителите во буџетските корисници.

  102. mimi вели:

    Kako jas kako upravitel-osnivac i smetkovoditel ke si dadam sama sebe potvrda za rabotno iskustvo vo smetkovodstvo?Blagodaram!

  103. Mimi вели:

    Imam visoko obrazovanie- ekonomski fakultet rabotno iskustvo vo knigovodstvo 5 godini vo firma koja odamna e pod stecaj i 17 godini vo sopstvena firma kako rakovoditel i knigovoditel na mojata i drugi firmi.Kade da dobijam potvrda za rabotnoto iskustvo i dali ke mozam kako ovlasten smetkovoditel vo svojata postoecka firma koja e DOO da vodam smetkovodstvo za sebe i za drugi firmi DOO, PZU i slicno- Дали јас имам право со оглед на тоа дека имам општа клаузула за бизнис да нудам сметководствени услуги со оваа фирма , да не отварам ТП и дали со оваа фирма и нормално полагање на испит ке можам да нудам сметководствени услуги како Трговско Друштво? Ве молам за одговор Ве поздравувам и Ви благодарам што може еве, да добиеме одговор на некои прашања за кои сме во дилема.

    • Veljkovski_S вели:

      Вие ке добиете времено уверение за овластен сметководител со важност од две години и право да полагате испит за овластен сметководител. Потрврдата ке ножете да си ја потпишете Вие како управител на друштвото.Вашата фирма ке добие лиценца за вршење на сметководствени услуги ако има вработено најмалку еден овлатен сметководител и еден сметководител (значи покрај Вас уште еден сметководител). Според Законот Вие не ке можете да водите сметководство и изготвување на годишни сметки и финансисли извештаи на Вашата фирма, но може тоа да го прави евентуално некој друг вработен овластен сметководител во Вашата фирма.

  104. Slobodan вели:

    I jas sum so namera da promenam profesija,soglasno doneseniot zakon gi ispolnuvam uslovite , no imam nekolku prasanja:
    -spored clen 25 e definirano deka sekoj obvrznik e dolzen da skluci pismen dogovor za vodenje na smetkovodstvo so prethodno definiranite nositeli na smetkovodstvena dejnost, no ne gledam nikade rok koga bi moral da se napravi presek.
    -spored clen 28 ispagja deka vrsitelot na smetkovodstveni raboti, sopstvenoto knigovodstvo mora da go doveri na druga firma?
    -spored clen 15 se bara isklucivo potvrda od rabotodavac za dokaz na rabotnoto iskustvo, a ne e ostavena moznost da se priznae dogovorot za zasnovanje na toj raboten odnos sto onevozmozuva da se dokaze iskustvoto vo slucaj koga firmata poveke ne postoi

    • Veljkovski_S вели:

      1.И јас не гледам рок до кога мора да се склучат договорите.
      2. Во колку вршителот на сметководствени работи е Друштво за вршење на сметководствени услуги може сопственото сметководство да го довери на овластен сметководител вработен во истото кој не е основач (сопственик) на истото. Трговците поединци според Законот произлегува дека сопственото сметководство ке мора да го доверат на друга фирма.
      3.Се сложувам дека ке е неможно да се добие потврда од фирми кои не постојат, а такви ги има многу.

  105. Мира вели:

    Здраво,

    Сакам да прашам дали јас како дипломиран економист и сметководител со работен стаж од 30 години (вработена во приватна фирма како сметководител) ке морам да отворам сопствено сметководствено биро или ке можам да продолжам да работам на истото работно место?

    Поздрав.

    • Veljkovski_S вели:

      Секој обврзник за водење на сметководство е должен да вработи овластен сметководител (сметководител) или вршењето на метководствени работи да го довери на сметководстево биро или ТП од областа на сметководство. Според тоа Вие можете да останете да работите како овластен сметководител во фирмата кај што сега работите.

  106. Biljana вели:

    Dali fakultetot za osiguruvanje FTON-Ohrid, bi se vbrojuval vo visoko obrazovanie od oblasta na ekonomijata, bidejki golem del od predmetite se od ekonomska struka na primer ekonomija, ekonomika, smetkovodstvo, statistika …

    • Veljkovski_S вели:

      Според Законот за сметководствени работи еден од условите за стекнување на правото за полагање на испитот за овластен сметководител е да има лицето завршено високо образование од областа на економијата и бизнисот. Кои високообразовни институции ке се сметаат во претходноспоменатите вероватно ке биде уредено со некои подзаконски акти.

  107. Александар вели:

    Имам работно искуство од 3 години и 6 месеци во банкарство и сум Магистер по економски науки.

    Сакам да ја променам професијата и да станам овластен сметководител.

    Дали ќе добијам времено уверение за овластен сметководител и право за полагање за добивање на трајна лиценца за овластен сметководител?

    Благодарам

    • Veljkovski_S вели:

      Според Законот за сметководствени работи кој на 24.07.2012 година е усвоен од страна на Собранието на РМ Вие не го исполнувате условот од три години работен стаж во сметководството за да се стекнете со времено уверение за овластен сметководител и право за полагање за добивање на трајна лиценца за овластен сметководител. Вие имате право за полагање на испит за сметководител.

  108. ANA вели:

    imam visoko obrazovanie- ekonomski fakultet(smetkovodstvo i finansii) sopstveno knigovodstveno biro i osum godini rabotno iskustvo kako smetkovoditel vo istoto.
    smetate li deka e vo red jas i mnogumina drugi so visoko ekonomsko obrazovanie da polagame za da dobieme trajna licenca, a nekoj koj nema soodvetno obrazovanie samo zatoa sto ima 25god.raboten staz vo firma a diskutabilno e dali navistina rabotel kako smetkovoditel ke se stekne so licenca bez da polaga.
    Ke pomine li ova na ustaven sud?
    Ako 25-te godini se garancija za negovata strucnost i poznavanje na MSS pa dajte ke polagame site sto e strasno koj ja poznava materijata ke polozi. neli?
    Vprocem zosto bez medicinski nemozes da si doktor,bez praven i pravosuden nemoze advokat, A SMETKOVODITEL NEMA PROBLEM

    • Veljkovski_S вели:

      Сосема се сложувам со Вас, но не знам дали заради неспособност или некои лични интереси, тие што ги застапуваа интересите на сметководителите го подржаа овој амандман и вероватно ке е дел од конечната верзија на Законот. Дали ке помине на Уставен суд не знам.

  109. Emil вели:

    Koi se amandmanite koi sto se usvoeni na komisija vo B.Trajkovski ?

    • Veljkovski_S вели:

      При комисиската расправа на Комисијарта за финансирање и буџет се прифатени повеќе амандамани. На нашата веб страница во одделот Прописи е ставен Дополнетиот предлог на Закон за сметководствени работи кој е доставен на усвојување на Сопбранието н РМ. Во истиот со болдирани букви се назначени деловите кои се изменети и дополнети со овие амандмани.

  110. Vesna вели:

    Me interesira do kade e stignat Zakonot za koga se ocekuva da stapi vo sila, i dali diplomirani ekonomisti so rabotno iskustvo nad 5 god ke polagaat za da dobijat licenca za ovlasten smetkovoditel?
    Blagodaram!

    • Veljkovski вели:

      Предлог законот за сметководствени работи го помина првото читање на Собранието и амандманската расправа пред Комисијата за финансирање и буџет и Законодавната комисија. Негово второ читање и конечно усвојување е закажано за собраниската седница закажана да почне на 23.07.2012 година како 32 точка на дневниот ред. Законот ке стапи во сила осмиот ден од неговоро објавување во Службениот весник на Република Македонија. Вие како дипломиран економист со 5 години работно искуство во струката според Дополнетиот предлог на закон ке добиете времено уверение за овластен сметководител и право за полагање за добивање на трајна лиценца за овластен сметководител.Трајни лиценци за овластен сметководител ке добијат овластените ревизори и лица со 25 годишно искуство во сметководствени работи.

  111. Natalija вели:

    Moeto prasanje e dali smetkovoditel so 8 godini rabotno iskustvo i sredno ekonomsko obrazovanie ke ima pravo da polaga strucen ispit za da dobie licenca za ovlasten smetkovoditel,so ogled na toa deka i so sredno obrazovanie i 15 god. staz lica ke se zdobijat direktno so licenci za ovlasten smetkovoditel bez polaganje na ispitot ? Blagodaram

    • Veljkovski_S вели:

      Според Предлог Законот за сметководствени работи, времено уверение на Овластен сметководител во траење од 1 година и право за полагање за Овластен сметководител ке добие лице со завршено средно образование и 10 години работно искутство во сметководствени работи.Законот е на комисиска расправа во Парламентот и на него се поднесени 90-тина амандмани.

  112. viki вели:

    Ve molam da mi odgovorite na slednoto prsanje ;jas sum dipl ekk imam 28 god. staz od koj 23 god rabotev kako glaven planer analiticar .4 godini kako rakovoditel na smetkovodstvo i finansii i 1 goduna kako finansov direktor .Prasanjeto mi e dali ke mozam da dobijam licenca za ovlasten smetkovoditel bez polaganje na ispit

    • Veljkovski_S вели:

      Според Предлог Законот за сметководствени работи Вие можете да довиенете времено уверение за Овластен сметководител во траење од една година. Трајни лиценци можат да добијат само овластените ревизори со положен ревизорски испит.

  113. Валентина вели:

    Dali Trgovec poedinec Ovlasten smetkovoditel ke moze da vodi smetkovodstvo na firmi koj se AD-vo stecaj

    • Veljkovski_S вели:

      Трговец поеинец Овластен сметководител, според Предлог законот за сметководствени работи, не може да води сметководство на АД.

  114. maja вели:

    Molam za odgovor koj gi izdava licencite kako ke se odviva procesot za polaganje na ispitite?odnapred vi blagodaram

    • Veljkovski_S вели:

      Лиценците ке ги издава Институт(Здружение) на сметководители и овластени сметководители на Република Макесдонија, кој ке се формира во рок од 3 месеци по влегување во сила на Законот. Времените уверенија со важност од една година ке ги издава Министерството за финансии.Процесот на полагање со свои акти ке го уреди Институтот кој ке го организира и полагањето.Контрола на работење на Институтот ке врши Министерството за финансии.

  115. maja вели:

    Molam za odgovor koj ke gi izdava licencite za knigovodstveni biroa,i kako ke se oviva procesot na polaganje na ispitite?pozz

    • Veljkovski_S вели:

      Лиценците на книговодствените бира ке ги издава Институтот на овластени сметководители. Проецесот на полагање и програмата ке бидат утврдени со подзаконски акти по донесување на Законот.

  116. vesna вели:

    Ве молам ако сакате да обласните согласно Предлог Законот за Сметководство кој ќе има право да води сметковоство на Друштва кои
    се организирани како ДООЕЛ а по големина се микро.

    • Veljkovski_S вели:

      Според Предлог законот за сметководствени работи, сметководството на Друштва организирани како ДОЕЛ, без разлика на нивната големина, може да води:
      1.Овластен сметководител варботен во друштворо;
      2.Друштво за вршење на сметковопдствени работи или
      3.Трговец поединец овластен сметководител.

  117. bosava вели:

    koga stapuva na sila zakonot.kade i koga se podnesuva barawe za polagawe.i podetalno objasnenie okolu polagaweto

    • Veljkovski_S вели:

      Законот се уште не е донесен.Истиот сеуште е во владина процедура и не е доставен до Собранието. Деталите за кое се интересирате ке се знаат по донесување на Законот за сметководствени работи од страна на Собранието на РМ.

  118. Lila вели:

    јас сум со 1 степен економски факултет и работно искуство од 20 години . Фирмата е регистрирана како ДООЕЛ со главна дејност сметководствени услуги.Дали ке добијам лиценца за сметководител или за овластен сметководител бидејки тоа го нема прецизирано во предлог законот.И дали ке морам да вработам уште три сметководитело со лиценца за да можам понатаму со истата работа.
    Во предлог законот се вели дека трговец поединец или сметководител ке мозе да води книговодство само на наевладини организации и трговец поединец.Дали тоа значи дека нема да може да се води сметководство на микро и мали фирми кои се регистрирани како ДООЕЛ или ДОО.
    Имам и една забелешка за цената за добивање на лиценцаза овластен сметководител.20 000 евра зарем тоа не е мисловна именка за еден сметководител кој во нашите простори неможе да ги заработи за 20 години.
    Поздрав

    • Veljkovski_S вели:

      Со членот 52 од Предлог законот за сметководствени работи е дефинирано дека лицата кои имаат завршено више образование и 8 години работен стаж во сметководство ќе добијат времени уверенија за овластен сметководител со важност од 12 месеци.Истите се стекнуваат и со право да полагаат испит за добивање на трајно уверение. Друштва за сметководствени работи кои вработуваат еден овластен сметководител и двајца сметководители можат на водат сметководство на ДОО и АД. Трговец поединец овластен поединец може да води сметководство на ДОО( се разбита и на тр.поединци, непрофитни организации и сл.) Трговец поединец сметководител не може да води сметководство на ДОО. Осигурувањето од 20.000 Евра се однесува на сума на која се осигурува Друштвото и толку ќе добие корисникот на услугата, ако се случи евентуална штета која ќе ја предизвика сметководителот. Сметам дека годишниот износ кој ќе се плаќа како премија на тоа осигурување нема да го надмине износот од 300 Евра ( Ревизорските фирми сега плаќаат годишно од 200 до 400 Евра).

  119. maja вели:

    imam rabotno iskustvo vo oblasta na smetkovodstvoto 4 godini megutoa vo prvata firma kade sto rabotev bev osigurana na pola rab vreme normalno da se izbegnat pridonesute…i toa ne bev osigurana celo vreme , istoto se sluci i vo vorata firma , a vo tretata bev vrabotena kako opst rabotnik a ne kako smetkovoditel…so toa spored agencijata za vrabotuvawe jas imam 1.8 meseci raboten staz …kakao ke go dokazam rabotnoto iskustvo ?

  120. ива вели:

    Јас работам како администратот во една фирма за трговија на големо и мало и имам завршено високо образование економски-сметководство и ревизија, но сеуште немам работен стаж од 3 години.Дали јас имам право да го полагам овој испит.
    Ви благодарам

    • Veljkovski_S вели:

      Кога наполните стаж од 3 години, со доказ од Агенцијата за вработување и потврда од фирмата кај што сте работеле дека сте вршеле работи од областа на сметководство ќе можете да полагате за овластен сметководител. Тоа е според Предлог законот за вршење на сметководствени работи кој може да претрпи измени до негово конечно усвојување од страна на Собранието на РМ.

  121. viki вели:

    celosno ja podrzuvam idejata za zastita na smetkovoditelite, no ne na ovoj nacin, nekoj da si zima dobra plata bez ni cas rabota, znaci da se podrzi zakonot so koj ke se znae so koe obrazovanie moze da se bide ovlasten smetkovoditel, zasto zatoa nemame cena posto sekoj sto ostanal bez rabota stanal smetkovoditel, ne sekoj moze da e lekar ili advokat ?
    da mora da ima odredeni poznavanja normalno posto nekoj si ja doveruva firmata na ovlasten smetkovoditel bez da ja znae negovata strucnost, da mora da ima formirano firma i kancelarija dokolku e biro, ili da mora da e vraboten vo firmata dokolku e vraboten, da mora da pocituva odreden tarifnik poradi nelojalna konkurencija i omalovazuvanje na profesijata, a toa so instituti, vraboteni vo instituti, pretsedateli i neznam sto, e zamisleno samo nekoi mamini galenicinja da si se namestat, sto e krajno neposteno sprema nas smetkovoditelite koi imame po 15-20 god raboten staz i nikoj vo ovaa drzava ne mu tekna da ne zastiti od gazdite koi ocekuvaat izgotvuvawe na sekakvi dokumenti i akti i 24 casa mobilnost za smesni pari, Isto taka najmal akcent e staven vo zakonot kako da se zastitime od nesovesni gazdi koi imaat krajno neuredni dokumenti, znaci so zakonot ne ne stitat vo nieden pogled nas, tuku manipuliraat bozem nesto ke ne stitat. Zalno zalno a malku treba.

  122. Adela вели:

    Здраво
    Дали фирма ДООЕЛ која има претежна дејност трговија на мало во неспецијализирана продавница може да се занимава со нудење на сметководствени услуги при што јас сум управител н фирмата и дипломиран економист и работно искуство 2 години ( од кои само 1 година како сметководител ) и 4 години пракса во сметководствено биро .
    Прашањето ми е дали јас мора да имам вработено 2 сметководители и овластен сметководител за да нудам сметководствени услуги , а знаеме денес е многу тешко да се заработи за да се плати плата и придонеси за еден вработен , дали јас имам право со оглед на тоа дека имам општа клаузула за бизнис да нудам сметководствени услуги со оваа фирма , да не отварам ТП и дали со оваа фирма и нормално полагање на испит ке можам да нудам сметководствени услуги како Трговско Друштво ?

    Ви благодарам

    • Veljkovski_S вели:

      Според предлог Законот за сметководствени работи кој е изготвен од страна на Министерството за Финансии и испратен до Владата на РМ, сите вработени со високо образование и 3 годишен стаж како сметководители ќе се здобијат со Привремено уверение за овластен сметководител во траење од 12 месеци. Истите истовремено се стекнуваат со право за полагање на стручен испит, по чие положување ќе се здобијат со трајно уверение. Исто така и дипломираните економисти со навршување на три години стаж како сметководител се стекнуваат со право за полагање на испитот за овластен сметководител. Работниот стаж се докажува со потврда од Агенција за вработување, а потврда дека лицето е работело како сметководител ја издава фирмата кај што лицето било или е вработено.Предлог Законот за сметководствени работи можете да го најдете на нашиот сајт во одделот прописи.

  123. ZORICA вели:

    VE MOLAM ODGOVORETE MI
    TRI GODINI IMAM SMETKOVODSTVENO BIRO
    PREDHODNO 17 GOD RABOTEV VO FIRMA KOJA VEKE NE POSTOI
    KAKO KE DOKAZAM ZA MOETO ISKUSTVO VO SMETKOVODSTVENITE RABOTI KOGA NEMA KOJ DA MI IZDADE DOKAZ
    BLAGODARAM

    • Veljkovski_S вели:

      Во колку имате Високо образование според Предлог законот за сметководствени работи(Член 52) Вие со три години стаж се стекнувате со привремено уверение за овластен сметководител и право за полагање наиспит за добивање на трајно уверение. Стажот се докажува со потврда од Агенција за вработување, а потврда дека лицето работело како сметководител ја дава фирмата кај што истото имало засниван работен однос.

  124. kiro вели:

    imame vo god. smetka prenesena zaguba od pred 15 godini,koja duri i ne sme sigurni od kade poteknuva i sto znaci, istata nema titular odnosno ne znaeme od kade poteknuva ili komu dolzime. prv pat ostvarivme dobivka sto kako akcionersko drustvo bi trebalo da ja rasporedime za dividenda. megutoa poradi postoewe na nepokriena zaguba nemame pravo da isplatuvame dividenda. ako se resime za pokrivawe na zagubata so ostvarenata dobivka, za da ja eliminirame celata prenesena zaguba ke ni treba 10 godini, pod uslov da ostvaruvame godisna dobivka na ovogodisno nivo.kako da ja izbriseme prenesenata zaguba i da ovozmozime podelba na dividenda, i ako taa bi bila minimalna.

  125. Драгана вели:

    Почитуван администратор,
    Јас сум дипломиран економист и магистрант во областа на сметководството и ревизијата со 3,5 годишно искуство како асистент во сметководството во фирма од трговска дејност за која за сметководствените работи одговорен е надворешен сметководител по договор за вршење на сметководствени услуги.
    Дали јас,со сето потребно образование од сметководствената дејност,при полагање на испит за овластен сметководител покрај приложениот доказ за работно искуство морам да приложам и изјава од надворешниот сметководител дека сум работела под негов надзор или при полагање е доволно само уверениие за завршено соодветно високо образование и доказ за работно искуство во вршење на сметководствени работи? Ви благодарам однапред

    • Veljkovski_S вели:

      Законот за сметководствени работи сеуште е во нацрт и не е се знае конечната верзија. Некои детали во врска со полагањето, како што е тоа кои документи ке се доставуваат, можеби ке се регулираат и со подзаконски акти.

  126. Здравко вели:

    Факт е дека оние кои го спремаат Законот сакаат да си профитираат од оние кои немаат доволно образование, и нема да имаат можност да земат лиценца, а се многу поискусни од помладите сметководители кои завршиле факултет пред 3 години. Секој чест на новите сметководители, но почит кон постарите со работно искуство од 15-30 години.
    Во ред е да има некој Закон со кои би биле заштитени како сметководители, и некој тарифник, но ова се веќе премногу рестрикции за работа на едно место. Јас не се плашам за мене, ќе затворам и ќе бидам трговец-поединец (можеби понатаму ДООЕЛ), но моите колеги кои се страшно стручни и со кои контактирам секојдневно се загрижени за опстанок, затоа што немале услови да стекнат образование на лист.
    Оние од комората т.е. до оние кои го спремаат законот – бидете пофлексибилни, ако сакате да се среди хаосот со “дивите“ сметководители, принудете ги на отварање фирма и плаќање на придонеси, а не вака.

  127. Julijana вели:

    Sto ima novo vo vrska so novata rabotna verzija,osobeno za clenovite 51,52,53

    • Veljkovski_S вели:

      Немам информации дали се извршени некои корекции на Нацрт законот за сметководствени работи. Кога истиот ке биде доставен до Собранието на РМ ќе видиме дали се прифатени некои примедби од здруженија на сметководители и Институтот на овластени ревизори од кои беше побарано мислење.

  128. Julijana вели:

    Do koja faza e Zakonot(novata verzija),clenovite 22.51.52.53 se neprifatlivi za 90% od smetkovoditelite vo RM , dali ke se slusne glasot na smetkovoditelite deka se protiv ovie clenovi i baraat da se vratat starite preodni odredbi.

  129. Силвана вели:

    kako moze da se dojde do predlog na zakonot za smetkovodstveni raboti

    • Veljkovski_S вели:

      Изготвена е нова верзија на Законот за сметководствени работи како Нацрт закон и истиот можете да го најдете на нашиот сајт во секторот прописи. Обрнете внимание на член 22 точка 9 и членовите 51,52 и 53 (посебно точката 4 од член 53).

  130. makedonka вели:

    Koga se ocekuva da stapi na sila gorenavedeniot zakon i dali samo vo toj period od 15 dena moze da se prijavat kandidatite za da dobijat licenca za ovlasteni smetkovoditeli bez polagajne na ispito.

    • Veljkovski_S вели:

      Не се знае кога ќе стапи во сила Законот за сметководствени работи, бидејќи сеуште не е пуштен во собараниска процедура. Сигурно нема да стапи во сила од месец март,како што беше предвидено во работната верзија на Законот.
      Секако дека предвидениот рок за пријавувување од 15 дена е краток, но да се надеваме дека со конечниот текст на истиот ке се корегира.

  131. Весна вели:

    Имате ли сознание дали треба претходно да се биде член на комората на сметководители за да се добие лиценцата за овластен сметководител, доколку лицето ги исполнува горенаведените услови?
    Напомена : Се работи за лице кое нема сметководствено биро туку работи како сметководител во фирма за трговија.

    • Veljkovski_S вели:

      Според предлог на Законот за сметководстевни работи добивањето на лиценци за сметководител и овластен сметководител не е условено со претходно членство во комора на сметководители.

  132. Marija вели:

    Dali pod raboten staz ke se zeme vo predvid samo dokolku ima M1/M2 ili bi mozelo da se zeme vo predvid i dokolku liceto rabotelo na dogovor na delo (izvrsuvanje na smet.uslugi )i kompanijata mu ima plakano na liceto so personalen danok , dali toj period bi se smetal pod raboten staz? I dokolku ima M1/M2 obrzaec a vo nego pisuva deka liceto bilo vraboteno kako Tehnicka sekretarka ili komercijalist a sepak izvrsuvalo smetkovodstveni raboti,dali ke mu se uvazi toj staz.Pozz

    • Veljkovski вели:

      Во Работната верзија на Законот за сметководствени работи не е прецизирано кои документи ќе бидат потребни за докажување на стажот како сметководител.

  133. Васко вели:

    Ajde cim taka ke se pravi neka gi izvadat od administracija site so nemaat soodvetno obrazovanie da ostanat bez rabota pa se na novo
    Ne moze bre nekoj so sredno da mi raboti vo carina na primer (toa sto jas imam zavrseno carina) posto nemav kaj da odam bidejki se e so vrski morav zaedno so tatko mi da ucam dopolnitelno smetkovodstvo i da ja odrzuvam mojata cetiri clena familija
    I sega ke mi gi kazuvate ovie izmeni, smenete si gi administrativcite prvo so nemaat blage veze od svoojata rabota pa potoa odete kaj nas vo kontrola
    Imam uste mnogu da zboruvam no dovolno e
    Jas sum protiv ova sega za sega.

  134. светлана вели:

    Ние сме акционерско друштво кое повеќе од 30 години води финансиски и консалтинг услуги. Тоа ни е и главната дејност. Сметководителот кој е вработен има средно економско образование и води книговодство веќе 25 години. Дали ќе важат истите услови? Овластеното лице во друштвото е со средно образование.
    со почит

    • Veljkovski_S вели:

      Законот за сметководствени работи се уште не е донесен од страна на Собранието на РМ и работната верзија може да претрпи измени.
      Според Работната верзија, сметководствена дејност како надворешна услуга може да вршат друштва со ограничена одговорност и трговци поединци. За да добијат лиценца ДОО треба да имаат вработено двајца овластени сметководители, а трговец поединец еден овластен сметководител.
      Лиценца за овластен сметководител Министерот на финансии со стапување во сила на законот, на нивно барање ќе им додели на сите лица кои имаат:
      – средно образование и 15 години работен стаж во сметководство;
      – вишо образование и 10 години стаж во сметководство и
      – високо образование и 5 години стаж во сметководство.
      Лица кои не ги исполнуваат овие услови лиценца ќе добиваат со полагање на стручен испит со претходно стекнато високо образование од економска струка и 3 години работен стаж во сметководство.