Вељковски » Сметководство

Основан институтот на сметководители и овластени сметководители

5 ноември 2012 10 коментари

На 03.11.2012 година на Собранието составено од 90 сметководители/овластени сметководители на конститутивна седница го формира Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. На седница е донесен Статут и е избаран надзорен одбор од 5 члена. За претседател на надзорен одбор е избрана Јасмина Милановска.

- Статут на институт на сметководители и овластени сметководители (отвори)

10 Коментари на “Основан институтот на сметководители и овластени сметководители”

  1. Makedonka вели:

    Имам добиено времено уверение за овластен сметководител. Ме интересира која е понатамошната процедура во врска со тоа, каде е институтот за сметководители и овластени сметководители за да се регистрираме во регистарот бидејќи законот за сметководствени работи член број 18 вели дека лицето барањето за упис во регистерот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнувањето на уверението за сметководител,односно овластен сметководител ,во СПРОТИВНО ИСТОТО ГО ГУБИ ПРАВОТО НА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ.Исконтактирав со некои колеги и тие велат дека институтот воопшто не е формиран и дека тие имаат добиено уверенија од Фебруари месец а воопшто немаат поднесено никакво барање до ИНСТИТУТОТ. Во исчекување на вашиот одговор…Поздрав

  2. Ирена вели:

    Ме инетересира Вашето мислење за мојата ситуација. Имам завршено високо образование економски факултет – сметководство и ревизија и работно искуство како сметководител повеќе од 10 години. Но последниве неколку години не работам како сметководител, туку како државен ревизор. Моето прашање е дали, доколку во иднина имам потреба, ќе имам право за стекнување на уверение за овластен сметководител и дали ќе треба да полагам испит за тоа, со оглед дека немам поднесено барање за стекнување на привремено уверение за овластен сметководител. Однапред благодарам.

    • Вељковски_С вели:

      Бидејќи имате завршено соодветно образование и над три години работно искуство во сметководствени работи Вие ке можете кога сакате да се пријавите за полагање на испит за овластен сметководител и за тоа не Ви е неопходно да имате времено уверение.

  3. Александар вели:

    Во прилог сакам да Ве замолам дали можете да ми одговорите на моето прашање, имено, јас сум дипломиран економист на отсек сметководство, финансии и ревизија, во Декемви 2012 направив стаж од 1 година за смтководител, ме интересира дали ги исполнувам условите за добивање лиценца за сметководител. Однапред Ви се заблагодарувам.

    • Вељковски_С вели:

      Со Законот за сметководствени работи не е прецизирано со кој датум треба да бидат исполнети условите за висина на работен стаж како услов за добивање на уверенијата за сметководител и овластен сметководител. Според толкувања на пооделни правници тој датум е 3 август 2012 година (ден на стапување во сила на Законот), според кои не би го исполниле условите за добивање на времено уверение за сметководител. Меѓутоа, некои колеги кои прашувале во Министерството за финансии, добиле одговор дека сите кои до 3-ти февруари ги исполнат условите и поднесат барање ке добијат уверение. Затоа, моја препорака е да поднесете барање за времено уверение за сметководител..

  4. tajkovska вели:

    Сопственик сум на Заштитно друштво ДООЕЛ во кое работам две дејности трговија на мало и сметководствени услуги.Се информиарав дека нема да можам да работам со подружница да органиѕирам во истата фирма и да го задржам статусот на заштитна фирма,но и не можам да ја растурам фирмата бидејки веке користам бенифиции со законот за заштитни друштва.Поради тоа мора да регистрирам нова фирма со претежна дејност за сметководствени услуги бидејки претежна дејност на заштитната фирма ми е трговија на мало.Ве молам да ми објасните за формирање на сметководствено биро дали може да бидат двајца овластени сметководители или мора да има и сметководител,бидејки за да ја задржам заштитната фирма јас морам да вработам уште двајца за новата фирма.ВИ БЛАГОДАРАМ.

    • Вељковски_С вели:

      Може да вработите двајца овластени сметководители, бидејќи законот вели најмалку еден овластен сметководител и еден сметководител, а двајца овластени сметководители се повеќе од тоа.

    • viki вели:

      Ne gledam zosto ne bi mozela da rabotis i kako smetkovodstveno biro, znaci zakonot veli “licenca se dobiva so najmalku vraboteno 1 ovlasten smetkovoditel i eden smetkovoditel” znaci ako gi ispolnuvas ovie uslovi ke si rabotis i kako biro i kako trgovija na malo ne gledam problem tuka? a toa sto si zastitno drustvo ne se kosi so nisto..

  5. Антонио вели:

    Ме интересира како во куманово ќе биде формирана подружницата, кој ќе е задолжен за управување на истата и дали тестирањата ќе се спроведуваат во подружницата или сл. и никаде не е нагласено која е цената на трајното уверение отпосле 2 години поминато доусовршување и веќе стекната привремена лиценца, без разлика дали се работи за сметководител или овластен сметководител. Ако имате некоја информација кажете ни. Мислам дека нема да биде кажано која ќе биде цената него ќе не фатат во тесно после две години, колку им треба во буџет за институтот и вработените да поделат со бројот на добиени лиценци и процент на тие што посетувале обуки. Мислам дека ме разбирате што сакам да прашам. Можеби според Законот кога ќе се отпочнат обуките т.е. за три месеци т.е. од 3 февруари тогаш кога ќе видат колку има доделено привремени лиценци да направат калкулација и да кажат огромна сума, а сите ќе бидеме фатени во тесно да се биде или не. Поздрав и со среќа на сите.

    • Вељковски_С вели:

      Со Статутот на Инстититот на сметководители и овластени сметководители е регулирано дека работата на подружниците на Институтот се уредува со посебен акт кој го носи Собранието на предлог на Управниот одбор. Таков акт сеуште не е донесен па според тоа и не е јасно како ќе бидат формирани подружниците.
      Што се однесува до добивање на трајните уверенија за оние што ке добијат времени, тие треба да одат на обуки (кои не се задолжителни, но сметам дека се пожелни) и да платат одредена сума за тоа и да платат за полагање на испит. Цените за обуките и иситот сеуште не се формирани.