Home » Archive

Архиви за категоријата Сметководство

Сметководство »

[24 дек 2012 | Еден коментар | ]

На  49-тата собраниска седница одржана на 24.12.2012 година  е  донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва  со кој се врши негово усогласување со Законот за сметководствени работи.
Согласно измените у дополнувањата на Законот за трговски друштва, годишната сметка и финансиските извештаи ги потпишува сметководителот, односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Согласно преодните одредби од Законот за трговски друштва овие одредби ќе …

Сметководство »

[8 дек 2012 | Исклучени коментари | ]

В0 Сл. Весник на РМ“, број 54/12 беше објавена Одлука за најнискиот апоен на денарите во прометот. Согласно Одлуката:
1. Најнискиот апоен на денарите во прометот со кој се заокружува крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги изнесува 1 денар.
2. Ако при пресметување се појават износи кои што се во распон до еден денар, ќе се изврши заокружување така, што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар.
Примената на одредбите од оваа одлука се …

Сметководство »

[5 ное 2012 | 10 коментари | ]

На 03.11.2012 година на Собранието составено од 90 сметководители/овластени сметководители на конститутивна седница го формира Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. На седница е донесен Статут и е избаран надзорен одбор од 5 члена. За претседател на надзорен одбор е избрана Јасмина Милановска.
– Статут на институт на сметководители и овластени сметководители (отвори)

Сметководство »

[31 окт 2012 | 2 коментари | ]

Во  собраниска процедура е пуштен Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва  со кој се врши негово усогласување со Законот за сметководствени работи.
Согласно предлог измените на Законот за трговски друштва, годишната сметка и финансиските извештаи ги потпишува сметководителот, односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Согласно преодните одредби од Предлог -Законот за трговски друштва овие одредби ќе започнат да се применуваат од …

Сметководство »

[24 сеп 2012 | Исклучени коментари | ]

На веб страницата на Министерството за финансии е објавена висината и уплатната сметка за плаќање на надоместокот за добивање на уверение за сметководители. Надоместокот зависи од видот на уверението, согласно условите кои лицето ги исполнува, и тоа:
– Привремено уверение за сметководител ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години,  или високо образование и 1 година работно искуство, а надоместокот ќе изнесува 300 денари.
– Привремено уверение за овластен сметководител ќе се издава на лице …

Сметководство »

[13 авг 2012 | Исклучени коментари | ]

На Web страницата на Министерството за финансии  е објавено Известување за поднесување на барањата за добивање на времени и трајни уверенија за овластен сметководител и сметководител. На истата страница е објавен и образес на Барањето. Барањата се поднесуваат до 03.02.2013 година.

Сметководство »

[31 јул 2012 | 25 коментари | ]

1. На 24.07.2012 година Собранието на РМ го донесе Законот за вршење на сметководствени работи. Законот е објавен во Службен весник бр.95/12 од 30 јули 2012 година, а стапува во сила од 3 август 2012 година.
2. Со законот се воведуваат две стручни звања од областа на сметководството и тоа:
-Сметководител и
-Овластен сметководител.
Сметководител води трговски/деловни книги за сите обврзници за водење на сметководство и составува и потпишува годишна сметка за трговци поеднинци и здруженија и фондации.
Овластениот сметководител води трговски/деловни книги и составува и потпишува годишни сметки и финансиски извештаи за сите обврзници …

Сметководство »

[21 дек 2011 | Исклучени коментари | ]

Во Службениот весник бр.174 од 16.12.2011 година е објавен Правилник за узменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на годишната сметка. Со измените се извршени промени во Билансот на успех, а Извештајот за сеопфатна добивка е заменет со сосема нов образец.
Во дополнетиот Правилник е објавен Прегледот на групните сметки и сметките по одделните позиции (АОП) на обрасците Биланс на состојба и Биланс на успех.
Правилникот влегува во сила на 17.12.2011 година и ќе се применува при изготвување на Годишната сметка и Финансиските извештаи за 2011 година.

Featured, Сметководство »

[20 дек 2011 | Исклучени коментари | ]

Во Службениот весник бр.174 од 16.12.2011 година е објавен нов Правилник за сметковниот план и на содржинаната на одделните сметки во сметковниот план. Правилникот стапува во сила од 17.12.2011 година и ќе се применува при изготвување на Годишната сметка за 2011 година.
Новиот  Сметковен план е усогласен со Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните стандарди за финансиско известување за средни и мали претпријатија.

Сметководство »

[11 дек 2011 | 283 коментари | ]

Од страна на Министерството за финансии се подготвени веќе две работни верзии на Закон за сметководствени работи.
Со предложениот закон се воведуваат  две стручни звања од областа на сметководството: сметководител и овластен сметководител.
Сметководителот ќе може да води деловни книги и да потпишува годишна сметка кај субјектите кои не плаќаат годишен данок на вкупен приход во согласност со Законот за данок на добивка и непрофитните организации чиј годишен приход е помал од 10.000 EUR во денарска противвредност.