[11 дек 2011 | 3 коментари]
Добредојдовте

Далеку зад нас е 15-тиот век кога еден Леонардо Да Винчи беше во исто време пронаоѓач, сликар, инжинер, скулптор, астроном и сметководител. Денес 6 века подоцна во 21-виот век никој не може да учествува во повеќе подрачја, а  уште помалку во нив да постигнува напредок. Најуспешните во 21-виот век својот максимум го постигнаа со фокусирање на делот од пазарот кај што нивните специјалности се најизразени, склучувајќи при тоа сојузи со исто толку успешните од другите подрачја. Доверување на работите за кои тие не се специјализирани на солидни партнери, им овозможува …

Читајте повеќе »

Даноци »

[3 јан 2013 | Исклучени коментари]

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – декември 2012 во однос на просекот за 2011 година изнесува 3,3%. Овој процент се користи за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за месец декември која треба да се плати до 15  јануари 2013 година.

Даноци »

[31 дек 2012 | Еден коментар]

Во „Сл. Весник на РМ“ бр.168/12 од страна на Министерството за Финансии беше објавено личното ослободување за 2013 година.
Согласно објавата Личното ослободување по основ на лични примања од плата од работен однос и пензија, месечно се утврдува во износ од 7.269 денари и ќе почне да се користи со исплатата на јануарската плата за 2013 година. Личното ослободување за првпат е намалено во однос на истото за претходната (2012) година кое изнесуваше 7.470 денари.
На годишно ниво личното ослободување за персоналниот данок на доход за 2013 година изнесува 87.228,00 денари. (7.269 …

Даноци »

[24 дек 2012 | Исклучени коментари]

На  49-та седница на Собрание на РМ одржана на 24.12.2012 година се усвоени предложените измени и дополнувања на Законот за персонален данок на доход. Со усвоените измени рокот во кој нема да се плаќа персонален данок на доход на каматите на орочените штедни влогови се продолжува до приемот на државата во Европската унија.  Со истиот закон се воведува ослободување од плаќање на персонален данок на капитални добивки од продажба на хартии од вредност за 2013,2014 и 2015 година.

Сметководство »

[24 дек 2012 | Еден коментар]

На  49-тата собраниска седница одржана на 24.12.2012 година  е  донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва  со кој се врши негово усогласување со Законот за сметководствени работи.
Согласно измените у дополнувањата на Законот за трговски друштва, годишната сметка и финансиските извештаи ги потпишува сметководителот, односно овластениот сметководител кој ги составил, при што го наведува датумот на нивното составување и потпишување и регистарскиот број под кој е евидентиран во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.
Согласно преодните одредби од Законот за трговски друштва овие одредби ќе …

Даноци »

[8 дек 2012 | Исклучени коментари]

Процентот на кумулативниот пораст на цените на мало за периодот јануари – ноември 2012 во однос на просекот за 2011 година изнесува 3,2%. Овој процент се користи за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за месец ноември која треба да се плати до 15 декември 2012 година